Бискупот Стојанов ги посети општините Босилово и Василево

Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија во понеделник 09 ноември 2015 година ги посети општините Босилово и Василево при што се сретна со градоначалниците, Љупчо Колев и Ванчо Стојанов.

3794_1На средбите се разговарало за соработката на Католичката црква со општините Босилово и Василево, при што владиката Стојанов изрази благодарност до општините за покажаната соработка.

Во знака на благодарност за соработката епископот Стојанов на двајцата градоначалници им подари Бибилии, а за возврат градоночалникот на општина Василево Ванчо Стојанов на бискупот му подари плакета со грбот на општина Василево.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот