Во среда 13 октомври 2021 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов во бискупската резиденција во Мостар го посети мостарско-дувањскиот бискуп и требињско-мрканскиот управител монс. Петар Палиќ.
Во пријатна и пријателска атмосфера бискупите разговараа за актуелните настани од животот на Црквата и разменија искуства од пасторалните активности во доверените им бискупии.
Ватикан њуз/к.мк