Бискупот служеше света Литургија во Белград

Бискупот служеше света Литургија во Белград

Во недела 2 јуни 2024 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски бискуп монсињор д-р Киро Стојанов, по покана на белградскиот надбискуп и митрополит монсињор Ласло Немет, служеше света Литургија со процесија за празникот Пресвето Тело и Крв Христови во парохијата „Свети Кирил и Методиј“ во Белград, кај оците Лазаристи. Со бискупот Стојанов сослужуваа парохот отец Лозе Гајша и отец Петар Ташев.

За време на својата проповед епископот Стојанов се осврна на литургиските читања за празникот Пресвета Евхаристија, истакнувајќи го значењето и важноста на Светат Евхаристија во животот на верниците. Потоа се осврна и за побожноста кон Пресветата Евхаристија на две големи личности на Католичката Црква во Македонија, Божјиот слуга бискупот Иван Гнидовец, кој бил Скопски бискуп од 1924 до 1939 година и за кој се води процес за беатификација, како и за Света Мајка Тереза.  Епископот Стојанов ја истакна и поврзаноста со оците Лазаристи и Црквата во Македонија, нивното мисионерско залагање и присуство во Македонијја.

Епископот Стојанов за време на неговиот престој во Република Србија, ден претходно, сослужуваше на хиротонијата на Зрењанинскиот бискуп Мирко Штефковиќ.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот