Со голема радост ја примивме веста, во која Светиот Отец ја објави својата одлука дека ќе дојде во Будимпешта на света Литургија по повод завршувањето на 52. Меѓународен евхаристиски конгрес“, се вели во соопштението на Унгарската бискупска конференција.
Меѓународниот евхаристиски конгрес е закажан на 5-12 септември 2021 година во Будимпешта. Првично беше планирано за септември минатата година, но беше одложен за една година поради пандемијата. Целта на Конгресот е да ги зајакне верните во верата и да го продлабочи единството со Христос и со другите преку продлабочување на таинството на Господовото присуство во светата Евхаристија. „Уверени сме дека присуството на Светиот Отец ќе биде големо охрабрување и духовна врска за сите нас и за учесниците на Евхаристискиот конгрес“, истакнуваат унгарските бискупи.
Во врска со ова патување, папата Фрањо исто така посочи дека би можело ова патување да се поврзе и со кратка посета на Словачка, бидејќи, како што рече Папата за време на прес конференцијата во авионот, Братислава е на само два часа од главниот град на Унгарија.
Ватикан њуз/к.мк