Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монс. Киро Стојанов на 14 ноември во Бискупската резиденција на Водно во Скопје го прими новиот амбасадор на Kралството Шпанија во Македонија, Н.Е. г-дин Хосе Луис Лозано Гарсија.
На средбата присуствуваше и заменик амбасадорот господин Ернесто Хередеро дел Кампо.
Скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх изрази добредојде на новиот амбасадор посакувајќи му успех и Божји благослов на новата многу одговорна служба во Македонија.
Средбата помина во срдечна атмосфера и отворен разговор за актуелните теми.
к.мк