Бенедикт XVI: „Добар сум, се молам и читам“
Ватикан, 10.6.2013 /к.мк/ – „Живеам како монах и добро сум. Се молам и читам“, рече почесниот папа Бенедикт XVI на својот пријател Манфред Лутц кој го посети во манастирот Мајка на Црквата (Mater Ecclesiae) во Ватикан.
Средбата траеше 30 минути, а Лутц кој е член на Папскиот совет за лаици и Папската академија за живот, своите впечатоци ги сподели со германскиот весник Билд Цајтунг (Bild Zeitung).
Лутц изјави дека Бенедикт XVI физички е изнемоштен, но нагласи дека „пред се е расположен, забавен и дека се уште има смисла за хумор.“
Лутц додаде дека Бенедикт XVI во потполност се согласува со теолошкото учење на својот наследник папата Фрањо. (Д.И.)
Категорија:
Ватикан