Бан Ки-Мун сака да ги внесе абортусот и ЛГБТ правата во целите за одржлив развој
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-Мун во новиот извештај ги поттикнува владите да ги вклучат абортусот и правата на ЛГБТ во целите за одржлив развој – 15 годишен план за развој кој минатата година го усвои Генералното собрание на ОН. Како што пренесува Центарот за семејни и човечки права, извештајот „Едно човештво: заедничка одговорност“ објавен во втората седмица од февруари ќе служи како основа за расправа меѓу владите на Светскиот хуманитарен форум во Истанбул.
Документот поттикнува на „пружење комплетни сексуални и репродуктивни здраствени услуги без дискриминација“ – израз за кој особено генералниот секретар и некои членови на ОН тврдат дека вклучува абортус и покрај тоа што во минатогодишните преговори околу Целите за одржлив развој, говорот за абортус и правата на ЛГБТ беше исклучен. Документот на генералниот секретар, исто така, тврди дека државите имаат „ централна обврска“ да забранат дискримнација врз основа на „сексуалниот идентитет“ – што е израз кој никогаш не бил вклучен во резолуцијата на ОН.
Бан Ки-Мун е еден од најистакнатите заговорачи за вклучување на абортусот во акциите за хуманитарна помош и дури изјави дека овозможувањето абортус е „обврска од хуманитарниот закон“. Меѓутоа, изразот „репродуктивно здравје“ во новите развојни цели се однесува на договорот од 1994 година за населението и развојот, во кој се отфрла секаков вид право на абортус во било која околност и абортусот се дозволува во програмата на ОН единствено онаму каде што е легален.
Бан Ки-Мун, освен тоа, јавно вети дека ќе ги промовира правта на ЛГБТ во ОН, а влијанието на групите кај таа организација сака да реинтерпретира нови развојни цели така што да вклучува и право на абортус.
Додека Целите за одржлив развој се формулирани во текот на тригодишната расправа и го исклучуваат контроверзното прашање како она кое го заговара генералниот секретар, средбата која ќе се одржи во Турција во мај ја свика самиот Бан Ки-Мун и во целост ја конторлира неговиот персонал – особено Канцеларијата за координација на хуманитарната помош, која подготви текст за расправа. Преговори нема да има ниту пред средбата, ниту после за нејзините исходи, а заклучоците ќе бидат испратени на Генералното собрание на есен.
РВ/Б.Р.