Архиепископот Милер пишува за светоста на бракот
Бракот помеѓу крстен маж и крстена жена е Света Тајна која се однесува на личната, општествената и историската стварност на човекот – така започнува статијата на архиепископот Герхард Лудвиг Милер, префект на Конгрегацијата за наука на верата, објавен во ватиканскиот дневник Осерваторе Романо (L’Osservatore Romano), кој многу детално потсетува на главните црковни документи и традиција на таа тема. Пасторалната конституција „Радост и надеж“ (Gaudium et Spes), резултат на Вториот ватикански собор, уште еднаш истакнува дека бракот е трајна заедница втемелена на Божјото право и независна од човечкото самоволие, па неговата неразрешливост всушност по Светата Тајна постанува слика на Божјата љубов спрема неговиот народ, и неотповикливата Христова верност кон Црквата – истакна архиепископот Милер. Во поново време, доволно е да се спомне апостолската енциклика ‘Familiaris Consortio’ на блажениот Иван Павле II од 1981 и ‘Sacramentum Caritatis’ на Бенедикт XVI од 2007 година, како и писмото кое 1994 година го објави Конгрегацијата за наука на верата, или пак заклучната порака од Синодата во 2012 година за новата евангелизација. Во тие документи главно се истакнува дека разведените и повторно венчани верници не можат да ја примат Светата Причест, бидејќи нивната состојба во која живеат е во спротивност со единството на љубовта помеѓу Христос и Црквата означено со самиот евхаристиски чин.
Друга заедничка точка на документите на Научителството – напомнува потоа архиепископот Милер – е поттикот за пасторално следење на разведените и повторно венчани, за да сфатат дека кон нив нема никаква дискриминација, туку само станува збор за потполната верност на Христовата волја. Архиепископот ја истакнува важноста за утврдување на исправноста на бракот, посебно во ова современо време кое е во спротивставеност со христијанското сфаќање на таа Света Тајна. Таму каде не е можно да се утврди поништување на бракот – напиша архиепископот – можно е одрешување и Света Причест, ако сопружниците живеат заедно како пријатели, како брат и сестра. Благословувањето на незаконски врски, значи, треба да се избегнува во секој случај. Од друга страна – напиша префектот на Конгрегацијата за наука на верата во статијата која опширно ја пренесува Радио Ватикан – цврста и трајна врска одговара на духовната и морална природа на човекот; затоа неразрешливиот брак има антрополошка вредност, бидејќи ги избавува сопружниците од самоволието на чувствата, им помага да се соочат со личните тешкотии, и најмногу им пружи заштита на децата.
Пред оние кои за бракот мислат само според световните и прагматични мерила, Црквата не може да одговори со прагматично прилагодување, бидејќи бракот помеѓу крстените има светотаински карактер, па и затоа е натприродна стварност. Секако, има ситуации – стои понатаму во статијата – во кои брачниот живот практично постанува невозможен како, на пример, во случаите на телесно или психолошко насилство. Во тие мачни ситуации Црквата секогаш дозволувала сопружниците да се разделат и да не живеат повеќе заедно, меѓутоа женидбената врска пред Господ останува трајна, и поедини страни не се слободни за склопување на нов брак сѐ додека другиот сопружник живее.
Архиепископот Милер потоа одговара во статијата на оние кои предлагаат некои спорни решенија, како што е да се препушти одлуката за пристапување на Света Причест, или не, на личната совест на разведените и повторно венчани лица. Тоа не е исправна причина – толкува архиепископот – бидејќи, иако тие лица во совеста се уверени во неважноста на претходниот брак, тоа секако треба објективно да го докаже судската власт. И науката за „епикеја“ – односно за правичноста спрема која некој закон вреди општо, меѓутоа човечкото делување не може секогаш во потполност да му одговара – во тој случај не може да биде применета, бидејќи неразрешливоста на светотаонскиот брак е право од Божја природа. На оној кој се повикува на Божјото милосрдие архиепископот Милер одговара предупредувајќи на лажниот повик на милосрдие кој води до банализирање на самата слика за Бог, спрема која Бог не може да направи ништо друго освен да опрости. Божјото милосрдие не е опростување од Неговите заповеди и црковни упатства – објасни архиепископот – бидејќи на Божјото таинство му припаѓаат и светоста и праведноста, а тие обележја не смеат да бидат сокриени.
Архиепископот Милер инсистира на пасторална грижа за разведените и повторно венчани лица, истакнувајќи дека не треба да се сведе на прашањето на примањето на Светата Причест, бидејќи освен светотаинската причест, има различни начини на влегување во заедништво со Господ: во верата, во надежта и љубовта, во покајанието и молитвата. Бог може на луѓето преку различни патишта да им ја дарува својата близина и своето спасение, иако живеат во контрадикторни ситуации. Пасторалната грижа втемелена на вистината и љубовта секогаш ќе најдат патишта по кои треба да се оди, како и соодветни облици – истакна архиепископот Милер на крајот од статијата објавена во ватиканскиот полуслужбен дневник.
Превод: С.С.