Археологија: Плочата што докажува дека Понтиј Пилат навистина постоел

Археологија: Плочата што докажува дека Понтиј Пилат навистина постоел

„Пилатовата плоча“ сведочи за името и службата на Понтиј Пилат.

Секако, сите го знаеме Понтиј Пилат и неговата улога во Христовото страдање. Сепак, за самиот човек знаеме релативно малку, освен неговата улога во судењето на Исус.

Познато е дека бил римски префект кој управувал со Јудеја за време на владеењето на царот Тибериј, од 14 до 37 година по Христа. Но, освен неговото спомнување во Евангелијата, кратките сведоштва кај римските историчари и неколкуте монети за кои се смета дека биле исковани за време на неговото управување, долго време имало малку археолошки докази за неговото постоење.

Така било сè до 1961 година, кога била откриена таканаречената „Пилатоава плоча“, парче варовник на кое е врежано името на Понтиј Пилат.

Италијанскиот археолог Антонио Фрова и неговиот тим ја пронашле плочата за време на ископувањата на антички римски театар во Цезареја, во денешен Израел. Театарот бил изграден по наредба на царот Ирод околу 10 година пред Христа.

Цезареја била важен административен центар. Токму таму Пилат ја извршувал својата служба, бидејќи градот го заменил Ерусалим како административен главен град на Јудеја во 6 година по Христа.

Иако плочата со текот на времето бил оштетена, делови од натписот сè уште можат да се прочитаат. Според дешифрирањето на археолозите, станува збор за натпис со псовета. На него стои:

На Божествениот Август, го посвети овој Тибериум, Понтиј Пилат, префект на Јудеја…

Ова откритие ја потврдува службата на Пилат како префект на Јудеја, како и времето во кое ја извршувал таа функција.

Покрај тоа, Понтиј Пилат се спомнува и во други историски извори, меѓу кои се списите на Флавиј Јосиф во Еврејски старини, напишани околу 94 година по Христа, Филон Александриски во Пратеништво до Калигула, како и римскиот историчар Тацит.

Сепак, сите овие дела биле напишани неколку децении откако Пилат бил отстранет од службата префект на Јудеја.

Затоа „Пилатовата плоча“ до денес останува единствениот директен археолошки доказ за постоењето на Понтиј Пилат, човекот кој, буквално, го врежал своето име во историјата.

Алетеја/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот