По повод Меѓународниот ден на борба против сиромаштвото, Италијанскиот Каритас објави извештај насловен Поврзани контејнери. Сиромаштвото и социјалната исклученост во Италија и на портите на Европа.“
Во стариот италијански модел на сиромаштво во фокусот беа најсиромашните стари луѓе: денес меѓутоа апсолутно сиромаштво владее меѓу младите – истакнува Италијанскиот Каритас во извештајот насловен „Поврзани контејнери. Сиромаштвото и социјалната исклученост во Италија и на портите на Европа.“ Извештајот е објавен на 17 октомври 2016 гдина на Меѓународниот ден на борбата против сиромаштвото.
Младите – новите сиромаси
Младите денес се новите сиромаси погодени од кризата на невработеност; се почесто ги издржуваат родителите и дедовците и бабите. (…)
Меѓу потребите кои најмногу поттикнуваат на барање помош се економското сиромаштво (76,9%), невработеноста (57,2%), проблемите со домување (25,0%) и семејните проблеми (13,0%). Во текот на 2015 година речиси осум илјади бегалци и баратели на азил побарале помош во Каритас главно мажи на возраст помеѓу 18 и 34 години, кои пристигнале во Италија од Африка и Средна и Јужна Азија. Меѓу нив е забележано големо ниво на неписменост.
Прашањето на сиромаштијата станува посложено
За тие податоци од извештајот на Каритас, а посебно за сѐ поголемото сиромаштво меѓу младите во разговор за Радио Ватикан се осврна Паоло Бекегато заменик директор на Италијанскиот Каритас и рече дека сиромаштвото на младите луѓе на возраст од 18 и 34 години е два и пол пати повеќе од оние на возраст од 65 и повеќе години. Тоа покажува дека сегашниот момент за младите е многу тежок: недоволно платена работа и невработеност, посебно во големите семејства во кои таткото ја загубил работата. Ова е фактор на слабост кој може да стане апсолутно сиромаштво и на кој треба да се дадат нови одговори, затоа што сиромашниот денес не е осамен старец или бездомник, туку тоа прашање станува посложено – предупреди Бекагато.
Трајната криза остава долготрајни последици
Осврнувајќи се на фактот истакнат во извештајот дека апсолутно најмногу странците бараат помош во центрите на Каритас, но во 2015 година за прв пат на југот на Италија процентот на Италијанци го надмина бројот на странци, заменик директорот на Италијанскиот Каритас рече дека тоа е знак на трајната криза која и покрај сѐ остава долготрајни последици.
Поттикот на Папата за црковните институции да ги прифатат бегалците и мигрантите
Во извештајот се спомнува и апелот на папата Фрањо кој го упати до црковните институции да ја отворат вратата за мигрантите и кој е прифатен; од 9 март оваа година бројот на прифатени луѓе достигна до 20 илјади. Од една страна имаме општа криза, сиромашни семејства и југот, а од друга страна пак имаме мигранти и бегалци. Црквата го стави во пракса нивното прифаќање посебно по апелот на папата Фрањо. Меѓутоа – додаде Бекегато – и тие луѓе бараат посебно внимание заради сѐ што проживеале и оставиле зад себе, меѓу останатото и насилството. Заради тоа кај нив станува збор за сиромаштија која се испреплетува и со прекршувањето на основните човекови права. Токму заради тоа прифаќањето во Црквата е посебно важно затоа што овде не станува збор само за „материјално“ прифаќање, туку и за придружување на луѓето во својата целокупна вреднст – рече Бекегато.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк