На средбата со премиерот Заев, Апостолскиот нунциј во Република Македонија монс. Пекорари ги поздрави заложбите на Владата за европска иднина на Македонија
Апостолскиот нунциј во Република Македонија, монс. Анселмо Гвидо Пекорари, придружуван од монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија на 16 ноември 2017 остварија средба во Владата на Република Македонија со премиерот, Зоран Заев.
На средбата се разговарало за денационализацијата на локалитетот во Паљурци и што поскоро решавање на тоа прашање во интерес на двете страни, за обновување на тој локалитет кој е од особено културно-историско значење за Католичката црква – стои во соопштението од Владата на Република Македонија.
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев изрази подготвеност за сите предлози и иницијативи да го контактираат. Пријателските односи се базираат на взаемна помош и разбирање, и обострано залагање во решавање на сите прашања од интерес на двете страни, истакна премиерот Заев. Тој подвлече дека католичката заедница е важна за Македонија.
Апостолскиот нунциј во Република Македонија, монс. Пекорари ги поздрави напорите на Владата за обезбедување европска иднина на Република Македонија, истакнувајќи дека ќе стави во функција на лобист за да и помогне на Македонија што поскоро да ја исполни својата цел. Меѓу другото Апостолскиот нунциј Пекорари ги поздрави напорите за помирување со соседите.
к.мк/Фото: Влада.мк