Апостолскиот нунциј во Ирак: Ирачките христијани и по цена на животот не се откажуваат од својата вера
Апостолскиот нунциј во Ирак надбискупот Џорџио Лингуа за Радио Ватикан изјави дека прогонетите ирачки христијани „не ја прифатија понудата на Исламската држава да поминат во ислам што веднаш би им го спасило животот и така ни даваат големо сведоштво за верата.“
Надбискупот Лингуа зборуваше за големите искушенија со кои се соочуваат христијаните кои се во бегство напоменувајќи дека дел од патот кој бегалците морале пешки да го поминат, меѓу кои има и многу мали деца вклучува и 60 километри пустина од Каракош до Ербил и тоа по најголемата летна горештина. Надбискупот додаде: „Овде може да се видат деца како спијат на улиците. Страдањето овде е големо!
Апостолскиот нунциј се осврна и на прашањето за повторното воено делување на САД во Ирак: „Американската авијација почна сега со удари против војската на Исламската држава. Станува збор за нешто што требаше да се направи бидејќи инаку не би можело да се запре.“ Исто така додаде: „Се прашуваме зошто моравме да дојдеме до ова точка? Да не е недостаток на интелигенција? Не можевме ли да сфатиме што се случува? А и кој им дал толку напредно наоружување?
Папата Фрањо во неделата го повтори својот повик за помош на ирачките христијани. Во наговорот по Ангелот Госсподов, но и три пати на Твитер Светиот Отец ги повика поединците, семејствата и целата заедница на молитвата да се сетат на овие страдања и со конкретно делување да искажат солидарност.
РВ/Д.И.