„Со овие ракети ги симнаа маските. Седум години, а сега започнува осмата, се водат битки на сириската земја, а кога малите играчи загубија, на сцената излегуваат вистинските играчи во конфликтот“ – рече апостолскиот викар на Алепо монс. Жорж Абу Казен.
„Со овие ракети ги симнаа маските. Седум години, а сега започнува осмата, се водат битки на сириската земја, а кога малите играчи загубија, на сцената излегуваат вистинските играчи во конфликтот.“ Со овие зборови, апостолскиот викар на Алепо монс. Жорж Абу Казен ги коментираше за агенцијата „Сир“ координираните воздушни напади на САД, Велика Британија и Франција против сириските објекти во Дамаск и Хомс, како одговор на наводниот хемиски напад во Дума пред една недела, кој му се припишува на претседателот Башар Асад.
„Очекуваме експерти да го испитаат наводниот хемиски напад во Дума, но по овие воздушни напади ќе биде уште потешко да се утврдат фактите“ – рече монс. Казен. Апелите не се слушнаа, само папата Фрањо продолжува да верува во мирот и ние заедно со него. Во исто време, страдањето на сириското население се зголемува и на барањата за мир добиваат бомби и ракети. Овде, во Алепо, луѓето очекуваа нешто слично, и тоа се случи.“
Желбите на монс. Абу Казен е „да не се прошируваат нападите и на други места во регионот, бидејќи ситуацијата може да излезе од контрола. Треба да се постигне решение за кое се согласни сите. Ние немаме друго оружје освен молитвата.“ Пред неколку денови, апостолскиот викар на Алепо организираше молитвен ден за мир.
РВ/к.мк