Апел на христијанските Цркви во Алепо: Запрете го страдањето и насилството
Запрете го страдањето и насилството – тоа е апелот на Своетот на христијанските поглавари од Алепо, кои од меѓународната заедница бараат во сирискиот град да се стави крај на човечката трагедија.
Доста е со рушење и пустошење. Нека се запре продажбата на оружје! Тој болен и страдален крик го упатуваат христијанските Цркви, повикувајќи за спас на Алепо, сириско град на маченици, кој на Воскресение Христово – Велигден, 12 април постојано беше гранатиран. Состојбата е влошена – изјави латинскиот католички апостолски викар за Алепо, монс. Георг Абоу Кхазен за агенцијата Азија њуз, додавајќи дека се „засилува военото делување“ и дека цивилното население, муслимани и христијани, се уморни од војната и ужасното насилство.“
Од лудилото не се поштедени куќите, црквите, училиштата, како и хуманитарните организации; христијанските градски населби се изложени на проектили од тешко оружје. Последните денови има десетици христијански жртви, а вкупно ги има многу повеќе. Ги оплакуваме бројните жртви од сите религии и вероисповеди – истакнуваат епископите, барјаќи да можат да живеат во мир, заедно со другите сириски деца, како чесни граѓани.
РВ/го*ко
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк