Апел на папата за Судан: Насилството да престане што е можно поскоро и да се продолжи со дијалогот
По богородичната молитва Царице небесна, папата Фрањо уште еднаш ја изрази својата загриженост за ситуацијата во таа африканска земја и апелира да се прекине насилството.
Ситуацијата во Судан е се покритична. Денес, како и минатата недела, по богородичната молитва Царице небесна, папата Фрањо ја изрази својата близина со Судан.
За жал, ситуацијата во Судан останува сериозна; Апелирам уште еднаш да престане насилството што е можно поскоро и да тргнеме повторно по патот на дијалогот. Ги повикувам сите да се молат за нашите браќа и сестри во Судан.
Имено, по кратка пауза борбите меѓу паравоената група и војската влегоа во втората недела. Повеќе од 150 луѓе од различни националности веќе пристигнаа во Саудиска Арабија, во првата операција за евакуација на цивили. Во меѓувреме, од Судан започна вистински егзодус. Соединетите Американски Држави ја завршија евакуацијата на персоналот на својата амбасада, која во моментов е затворена. Во тек е и заштитениот излез од државата на француските државјани.
Источен Чад веќе прими повеќе од 400.000 бегалци од Судан, а новопристигнатите дополнително ги оптоваруваат јавните служби и ресурси на земјата – предупреди Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, посочувајќи дека милиони луѓе бегаат од Судан. Во последните денови – според проценките на УНХЦР – меѓу 10 и 20 илјади луѓе избегаа од конфликтот во суданската провинција Дарфур за да побараат засолниште во соседен Чад.
Во мислите на папата, Светскиот ден на планетата Земја и новите блажени
Светиот Отец денеска, меѓу другото, го спомена и вчерашниот Светски ден на планетата Земја, и изрази надеж дека грижата за создадениот свет секогаш ќе биде поврзана со ефективна солидарност со најсиромашните.
Спомнувајќи ги новите блажени кои беа издигнати во чест на олтарот вчера во Париз: Хенрик Планчат, свештеник на Друштвото на Свети Винко Павелски и Ладислав Радиг и тројца свештеници од Друштвото на Пресветото Срце Исусово и Мариино, Папата истакна дека овие пастири, вдахновени од апостолската ревност, имаат заедничко сведоштво за верата до нивното мачеништво во Париз во 1871 година, за време на т.н. Париска комуна.
Ватикан њуз/к.мк