Апел на Папата за помош на населението во Мјанмар и поттик до верниците да го отворат своето срце за бегалците
После молитвата Ангел Господов папата Фрањо својот глас го придружи на гласот на епископите на таа азиска земја која после државниот удар од 1 февруари се наоѓа на работ на бедата за да се пружи помош на илјадници раселени и изгладнети. Исто така повика своето срце да го отовриме за бегалците.
Папата го придружи својот глас до ожалостениот глас на епископите од Мјанмар кои после државниот удар од 1 февруари поминува низ постојана драма. Светиот Отец на крајот од пладневниот говор на 20 јуни 2021 година, по молитвата Ангел Господов зборуваше за болното искуство за населението кое е раселено, премногу исплашено и на работ на бедата.
Повторно ја истакна својата поддршка на апелот на локалните епископи кои на 11 јуни побараа во подрачјата на конфликтот да се заштитат хуманитарните коридори, да се почитува светоста на местата за богослужба и заштата на безбедноста на цивилите, посебно старите лица и децата. Го соединувам својот глас со оној на мјанмарските епископи кои минатата недела упатија апел привлекувајќи го вниманието на целиот свет на болното искуство на илјадници луѓе кои во таа земја се раселени и умираат од глад – рече Папата.
Епископската конференција на Мјанмар на чело со кардинал Чарлс Бо упати минатата недела јавен апел во кој побара заштита на животот на народот и истовремено ја истакнаа состојбата на илјадници луѓе кои умираат од глад и болест во џунглите, без соодветно засолниште, без храна и чиста вода. Освен тоа тие денови војската откако ги погоди црквите и манастирите во кои раселените лица побараа засолниште заради нападите на нивните домови, директно ја погодија хуманитарната помош наменета за оние кои се најдоа во шумата, уништувајќи ги и палејќи ги како и медицинските средства за бегалците.
Затоа Папата денес го повтори апелот на мјанмарските епископи, наведувајќи ги нивните зборови. Ревно се молиме – истакнуваат тие, да се допуштат хуманитарните коридори и црквите, пагодите, манастирите, џамиите, храмовите, како и училиштата и болниците да се почитуваат како неутрални засолништа – рече Папата и додаде, нека Срцето Христово ги допре срцата на сите, донесувајќи во Мјанмар мир.
Папата Фрањо потоа се осврна на денешниот Светски ден на бегалците кој го воспостави Организацијата на обединетите нации и на состојбата на стотина илјади бегалци на петте континенти. Да го отвориме своето срце за бегалците, да ги направиме свои нивните жалости, нивните радости, да учиме од нивната храбра отпорност – поттикна и го истакна заедничкото ангажирање на сите во соочувањето со таа човечка криза. Така сите заедно ќе направиме да се развие почовечка заедница, само едно големо семејство – рече папата Фрањо.
Што се однесува до бегалската криза бројките и понатаму се во пораст. Извештајот на Вискиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (UNHCR), објавена во Женева пред два дена потврдува дека во 2020 година и покрај пандемијата, бројот на луѓе во бегство од војните, насилството, прогонот и кршењето на човековите права достигна речиси 82,4 милиони. Додека 48 милиони се раселени внатре во сопствените земји.
Ватикан њуз/к.мк