Наговорот на Папата по молитвата Ангел Господов на празникот Света Богородица Марија
Драги браќа и сестри
На сите вас поврзани преку медиумите ви ги упатувам своите желби за мир и радост во Новата година.
Му се заблагодарувам на претседателот на Република Италија Серхио Матарела на добрите желби кои ми ги упати синоќа во својата новогодишна порака и срдечно му возвраќам со истите желби.
Благодарен сум на сите кои во сите делови на светот почитувајќи ги ограничувањата кои ги наметна пандемијата организираа молитви и размислувања по повод денешниот Светски ден на мирот. Мислам посебно на виртуелната поворка одржана синоќа која го организираше италијанскиот епископат, Pax Christi, Каритас и Католичка акција; како и на ова утринскава, која заедницата на Свети Егидиј ја приреди онлајн и која беше достапна во целиот свет. Благодарам на сите на овие и на многу други иницијативи во корист на помирувањето и хармонијата меѓу луѓето.
Изразувам овде болка и загриженост заради понатамошната ескалација на насилството во Јемен кое предизвика бројни невини жртви и се молам да се вложат напори околу пронаоѓањето на решенија кои ќе овозможат враќање на мирот за тоа измачено население. Браќа и сестри да мислиме на децата од Јемен! Без образование, без лекови, гладни. Да се помолиме заедно за Јемен.
Ве повикувам да се придружите на молитвата во надбискупијата Овери во Нигерија за епископот монс. Мосеса Чикве и за неговиот возач кои се киднапирани последните денови. Да го молиме Господ тие и сите кои се жртви на слични дела во Нигерија да се вратат неповредени на слобода и во таа драга земја да се врати сигурноста, хармонијата и мирот.
Посебен поздрав упатувам до Пејачите на витлеемската ѕвезда, до децата и младите кои во Германија и Австрија иако не можеа да ги посетат семејствата во нивните домови најдоа начин да им ја пренесат радосната вест на Божиќ и собирајќи донации за своите врсници во потреба.
Ви посакувам на сите година дена мир и надеж под заштитата на Марија Света Богородица. И ве молам не заборавајте да се молите за мене. Во посакувам добар апетит и до гледање!
Ватикан њуз/к.мк