Наговорот на Папата пред молитвата Ангел Господов на празникот света Богородица Марија, 1 јануари 2021 година
Драги браќа и сестри добар ден и Среќна Нова година!
Нова година ја започнуваме ставајќи се под мајчинскиот и со љубов исполнет поглед на Пресвета Марија која денес во Литургијата се слави како Богородица. Така го продолжуваме своето патување по патиштата на времето, доверувајќи ги своите вознемирености и маки на Оној Кој може сè. Марија нè гледа со мајчинска нежност исто како што Го гледала својот Син Исус. И ако погледнеме во јаслите гледаме дека Исус не е во колевката, и ми кажува дека Мајка Божја рекла: „Дали ќе ми дозволите да го држам овој Свој Син во прегратка?“ Така Богородица прави со нас: сака да нè држи во својата прегратка, да нè чува како што го чувала и љубела својот Син. Смирувачкиот и утешителен поглед на Светата Девица е охрабрување дека ова време кое Господ ни го дарува ќе биде потрошено за наш човечки и духовен раст, дека тоа ќе биде време за отстранување на омразата и поделбите – колку само ги има! Време во кое сите ќе се чувствуваат уште повеќе браќа, време на градење, а не на рушење, грижејќи се едни за други и за создадениот свет. Време во кое ќе се трудиме да растеме, време на мирот.
Токму на грижата за ближниот и создадениот свет е посветена темата за Светскиот ден на мирот кој го славиме денес: Културата на грижа како пат до мирот. Болните настани кои го обележале патот на човештвото во изминатите година дена, посебно пандемијата нè учат колку е премногу потребно да се занимаваме за проблемите на другите и да ги делиме нивните загрижености. Тој став претставува патот кој води до мирот, затоа што го промовира градењето на општеството засновано на односи на братство. Секој од нас, мажи и жени во оваа време се повикани да го градат мирот: сите ние, никој не смее да биде индиферентен кон тоа. Сите сме повикани да создаваме мир и да го остваруваме секој ден и во своите животни средини, пружејќи рака на братот на кој му треба збор на утеха, гест на нежност, солидарна помош. И тоа е за нас задачата која Бог ни ја доверил. Господ ни дава во задачата да биде миротворци.
Мирот е можно да го градиме ако започнеме да бидеме во мир со самите себе – во мир со својата внатрешност, во срцето – и со оние кои ни се блиску, отстранувајќи ги пречките кои ни пречат да се грижиме за оние кои се во потреба и се грчат во беда и немаштија. Се работи за тоа да се изгради менталитет и култура на грижа со цел да се победи рамнодушноста, да се победи отфрлањето и ривалствотот – рамнодушност, отфрлање, ривалство – кои за жал преовладуваат. Треба да се отстранат тие ставови. Мир не е само отсуство на војна. Мирот не е асептичен, не, не постои quirofano (на шпански: операциона сала) за мирот. Мирот е во животот: тоа не е само отсуство на војна, туку е живот полн со смисла заснован и живеен во личното остварување и во братското заедништво со другите. Така тој толку посакуван мир кој секогаш е загроен од насилството, себичноста и злото, тој загрозен мир ќе биде можно да се оствари ако се прими како задача која му ја дава Бог.
Дева Марија која на светот го донесе „Кнезот на мирот“ (Исаија 9,6) и Која го гали со толку нежност нека од небото ни го испроси скапоценото добро на мирот кој не може да се постигне само со човечките сили. Самo човечки сили не се доволни затоа што мирот пред сè е Божји дар за кој треба непрестано да се молиме, да го поддржуваме со трпелив и почитуван дијалог, кој се изградува со отворена соработка за вистината и правдата и кој секогаш е внимателен на легитимниот стремеж на личноста и народот. Желба ми е мирот да владее во срцата на луѓето и во семејствата; на работните места и местата за забава, во заедниците и во државите. Во семејствата, на работа, во државите: мир, мир. Чукна часот да станеме свесни за тоа дека денес животот е обележан со војна, непријателства, толку работи кои го уништуваат… Сакаме мир… А тоа е дар.
На прагот на овој почеток на сите им упатувам срдечна желба за среќна и мирна 2021 година. Нека секој од нас настојува ова да биде година на братска солидарност и на мир за сите; година полна со сигурни очекувања и нaдеж која ја доверуваме на заштитата на Марија Мајка Божја и наша Мајка.
Ватикан њуз/к.мк