Во пладневното обраќање пред молитвата Ангел Господов, во втроник 26 декември 2023 година, Папата зборуваше за сведочењето на свети Стефан и истакна дека и денес има прогонства, има луѓе кои страдаат и умираат за да бидат сведоци на Исус или се казнети затоа што се доследни на Евангелието. Но, семето на нивната жртва дава плод; крвта на мачениците е семе на христијаните, истакна Папата и поттикна да молиме за оние кои се убиени поради нивната вера во Христа
На празникот Свети Стефан, првиот маченик во историјата на христијанството, човек со добар глас, кој служел на трпезата и делел милосрдие – како што е опишано во Делата на светите апостоли – папата Фрањо, во неговото пладневно обраќање пред молитвата Ангел Господов, се осврна на верата во Исус на тој млад ученик и потсети дека на неговото каменување присуствувал Савле, ревносен прогонител на христијаните.
Савле и Стефан, прогонителот и прогонетиот. Изгледа дека меѓу нив има непробоен ѕид.
Денешните прогонства
Меѓутоа, преку сведоштвото на Стефан, Бог подготвува преобраќање во срцето на Савле што ќе го направи да биде голем апостол – објасни Светиот Отец – оттука и служењето, молитвата, храброста и навестената вера на тој млад човек убиен за Христа, а пред сѐ неговото простување во моментот на смртта, не се залудни. Жртвата на Стефан фрла семе во срцето на Павле – рече папата Фрањо и гледајќи во сегашноста истакна дека крвта на мачениците сѐ уште е семе на христијаните.
Денес, по две илјади години, за жал, гледаме дека прогонството продолжува, има прогонства на христијаните: сè уште има – и ги има многу – оние кои страдаат и умираат за да сведочат за Исус, како и оние кои се казнети на различни нивоа поради тоа што се однесуваат во согласност со Евангелието и оние кои секојдневно се борат да останат верни, без врева, на своите добри должности, додека светот се смее на тоа и проповеда нешто друго.
Плодовите на оние кои сведочат за Христа
Тоа не се неуспешни луѓе – забележа Римскиот епископ – затоа што нивното сведоштво раѓа новости и и чуда.
И сега како и тогаш, имено, семето на нивните жртви, изгледа дека умира, никнува и донесува плод, бидејќи Бог продолжува да прави чуда преку нив, да ги менува срца и да ги спасува луѓето.
Затоа папата Фрањо поттикна да се запрашаме дали сме заинтересирани за оние кои се убиени за нивната вера и дали сме подготвени да го сведочиме Евангелието доследно, нежно и со доверба, сигурни дека семето на доброто ќе донесе плод дури и ако резултатите не се веднаш видливи.
Ватикан њуз/к.мк