За време на пладневна молитва Ангел Господов во недела, 27 октомври 2024 година, папата Фрањо повика на молитви за штотуку завршената синода. „Да молиме се што направивме овој месец да биде за доброто на Црквата“, рече Папата, а потоа повика и на молитва за мир во светот.
„Ве молам, да продолжиме да молиме за мир, особено во Украина, Палестина, Израел, Либан – ескалацијата да престане и да се почитува човечкиот живот, кој е свет, тоа треба да е на прво место! Први жртви се секогаш цивили, тоа го гледаме секој ден, има премногу невини жртви! Секојдневно гледаме масакри на деца! Премногу! Да молиме за мир“.
Папата ја спомена и Женевската конвенција, која ја слави својата 75-годишнина: Нека овој настан ја разбуди совеста за почитување на животот и достоинството на луѓето и народите во вооружените конфликти – како и заштитата на цивилните институции и местата за богослужби, според меѓународното хуманитарно право. Тажно е да се види како на некои места за време на војните болници и училишта се уништени “.
Ватикан њуз/к.мк