Како постариот син во Евангелието од денешната Литургија и ние нашиот однос со Бога знаеме да го темелиме исклучиво на заповедите, забележа папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов во недела 27 март 2022 година. Оние кои згрешиле често се чувствуваат вкоренети во нивните срца. Оддалеченоста, рамнодушноста и грубите зборови не помагаат. Затоа како Отецот, така и ним треба да им се приреди срдечно добредојде, што ги поттикнува да одат напред, рече Папата.
Параболата за блудниот син (сп. Лука. 15,11-32) нè води до срцето Божјо, кое секогаш сочувствително и нежно простува, рече Папата во своето обраќање пред молитвата Ангел Господов. Исто така, ни кажува дека Бог е Отец кој не само што прифаќа, туку и се радува и подготвува веселба за својот син кој се враќа дома откако ќе го потроши својот имот. Ние сме тој син – истакна Папата – и трогателно е да се размислува за тоа колку многу Отецот секогаш нѐ сака и чека.
Постариот син во нас
Но, во нас е и постариот син, кој паѓа во криза пред Отецот. Во искушение сме, барем делумно, да застанеме на негова страна, забележа Папата. Отсекогаш си ја извршувал својата должност, не излегол од дома, па се огорчува кога ќе го види Отецот како повторно го прегрнува синот откако се однесувал многу лошо.
Меѓутоа, проблемот на постариот син е што неговиот однос со Отецот се заснова исклучиво на држење на заповедите, со чувство на должност. Ова може да биде проблем со нас самите и со Бога, рече Папата. Да се изгуби од вид Отецот и да се живее во оддалечна вера составена од забрани и должности. Последица на оваа дистанца е ригидноста кон нашиот ближен, кога повеќе не го доживуваме како брат или сестра.
Радувај се и велели се
Гледајќи дека постариот син одбил да влезе во куќата (р. 28), Отецот се обидува да го убеди да сфати дека секое дете за него е целиот негов живот. Оние кои тоа добро го знаат се родителите, кои се блиски до тоа Божјо чувство. Во параболата, продолжи Папата, Отецот му го отвора срцето на својот постар син и изразува две потреби кои не се заповеди, туку неопходни за неговото срце. Повикувајќи се на овие зборови, Папата повика на преиспитување дали ги имаме овие две работи во нашите срца – радост и среќа.
Да се радуваш, рече Папата, значи да покажеш блисблизинакост со оние кои се каат или се на пат да се покајат, со оние кои се во криза или оддалечни. Зошто да го правиме тоа? Затоа што помага да се надмине стравот и обесхрабрувањето што може да произлезе од сеќавањето на сопствените грешки, објасни Светиот Отец. Оние кои направиле грешки често се чувствуваат вкоренети во нивните срца. Оддалеченоса, рамнодушноста и грубите зборови не помагаат. Затоа, како и Отецот, треба да им се подготви срдечно добредојде, што ги поттикнува да одат напред. Дали го правиме ова? Дали ги бараме оние што се оддалечени? Дали сакаме да славиме со нив? Колку многу добро може да направи отвореното срце, вистинското слушање, отворената насмевка; да славиме, а не да се чувствуваат непријатно, нагласи Папата. Таткото можеше да му каже на својот син само да оди дома и да работи, тоа би било доволно. Но Господ не знае да прости без да прослави!
Доброто на другата личност е исто така мое
Понатаму, како Отецот, треба да се радуваме. Кога некој што има срце синхронизирано со Бог ќе види нечие покајание, без разлика колку се сериозни неговите погрешки, се радува. Не останувајте фокусирани на грешките, нагласи Папата, не покажувајте со прст во она за што згрешиле, туку радувајте се на доброто, бидејќи доброто на другиот е и мое! Нека Богородица не научи како да ја примиме Божјата милост за да стане таа светлина со која ги гледаме ближните, заклучи папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк