Ангел Господов: На празникот на Исусовото Крштение, да се потсетиме на датумот на нашето крштевање
Запомнете го датумот на вашето крштевање, ги повика папата Фрањо верниците и ходочесниците собрани на плоштадот Свети Петар во неделното обраќање за време на молитвата Ангел Господов во недела 12 јануари 2025 година
Празникот Христово крштение, кој го славиме, рече Папата, нè поттикнува да размислуваме за многу работи, вклучително и за нашето крштение. „Исус кој се соединува со својот народ за да добие крштение за простување на гревовите. Сакам да се потсетам на зборовите од денешната литургиска химна: Исус оди кај Иван на Крштение „гола душа и боси нозе“. Гола душа и боси нозе. И кога Исус се крштева, се објавува Духот: „Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја”, рече Папата.
Зборувајќи за лицето, тој истакна дека Бог, откривајќи се како Отец преку Синот, воспоставува привилегирано место за стапување во дијалог и заедништво со човештвото. Тоа е лицето на возљубениот Син, рече Папата. Потоа се осврна на гласот. „Ти си Мојот возљубен Син“. Тоа е уште еден знак кој го следи Исусовото објавување, додаде Светиот Отец.
„Драги браќа и сестри, денешниот празник нè поттикнува да го земеме предвид Божјото лице и гласот кои се откриваат во човечноста на Исус. Па, да се запрашаме: дали се чувствуваме сакани? Дали се чувствувам сакано и дека Бог ме придружува на моето патување или мислам дека Бог е далеку од мене? Можеме ли да го препознаеме неговото лице во Исус и браќата? Дали сме навикнати да го слушаме неговиот глас“, праша Папата.
На крајот Папата ги праша верниците и ходочесниците дали се сеќаваат на датумот на нивното крштевање. „Ова е многу важно! Размислете: кој ден сте крстени? А ако не се сеќавате, кога ќе се вратите дома, прашајте ги родителите или кумовите за датумот за крштението. И прославете го датумот како нов роденден: вашиот роден во Божјиот Дух. Не заборавајте! Ова е домашната задача: да го дознаам датумот на моето крштение“, рече Светиот Отец и на крајот ја повика Пресвета Богородица на помош.
Ватикан њуз/к.мк