Во Христос е нашиот мир и во Него е совладана секоја поделба. Само во Него е спасението за секој човек и народ – рече Светиот Отец и додаде за да можеме да ја живееме полнотата на мисијата, горливата и постојаната молитва е неопходен услов.
На почетокот од пладневниот говор за време на молитвата Ангел Господов на 20 октомври 2019 година папата Фрањо потсети на зборовите од Евангелието од неделната Литургија, односно на Второто послание на светиот апостол Павле до Тимотеј, каде апостолот својот соработник го поттикнува да го проповеда Словото и да биде упорен во погодно време и во невреме (сп. 2 Тимотеј 4,2). Светскиот мисиски ден, кој се одбележува денес, според мислењето на Папата е поволна можност секоја крстена личност да стане свесна за потребата од соработка, преку обновената посветеност, во навестувањето на Божјото царство.
Светиот Отец напомена дека папата Бенедикт XV пред сто години, со објавувањето на Апостолското писмо „Maximum illud“, даде нов поттик за мисионерската одговорност на целата Црква. Тој истакна дека таа порака исто така е важна и за нас денес, нѐ поттикнува да го надминеме искушението, дали тоа е затворањето во себе или било кој друг пасторален песимизам и да се отвориме за радосната новост на евангелието.
Освен тоа Папата исткана дека верниците се повикани насекаде да ја носат радосната вест дека со Исус милосрдието го победува гревот, надежта го победува стравот, а братството го надминува непријателството. Христос е нашиот мир и во Него е совладана секоја поделба. Само во Него е спасението за секој човек и народ – рече Светиот Отец и додаде за да можеме да ја живееме полнотата на мисијата, горливата и постојаната молитва е неопходен услов.
Молитвата е првата поддршка која Божјиот народ ја дава на мисионерите, збогатена со љубов и благодарност поради нивната тешка задача за навестување и дарување на светлото и милоста на Евангелието на оние кои уште го немаат примено – напомена Папата и додаде дека денес е убава прилика да се прашаме и да размислиме дали молиме за мисионерите, за оние кои заминуваат далеку како со сведоштво би го донеле и Словото Божјо. Пред молитвата Ангел Господов Светиот Отец ја повика Пресвета Богородица, заштитничка на сите народи, секојдневно да ги придружува и заштитува мисионерите на Евангелието.
Ватикан њуз/к.мк