Во недела 8 ноември 2020 година папата Фрањо ја предводеше молитвата Ангел Господов со присутните поклоници на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
Објаснувајќи ја параболата за неразумните и мудрите девојки од Евангелието според Матеј (25, 1-13), Папата им порача на христијаните дека секојдневните добри дела вдахновени со Христовата љубов им овозможуваат ведро да го очекуваат празникот на животот после смртта.
Додека мудрите девојки понесоа елеј за своите светилки, неразумните ги заборавиле и задоцниле на свадбата. „Бидете будни, оти не го знаете ни денот, ни часот“. Исус ни порачува дека мораме да бидеме подготвени за неговото доаѓање; не само на последната средба, туку и во нашиот секојдневен живот во пресрет на него, светилките на вера не се доволни, потребно ни е елеј на милосрдие и добри дела – предупреди Папата. За жал ја забораваме смислата на животот – последната средба со Бога, го губиме чувството на исчекување и се однесуваме како да нема да го напуштиме овој живот.
Даваме важност на материјалните добра, статусот, интересите, нашиот живот станува бесплоден – не собираме елеј за нашите светилки и тие ќе згаснат пред Неговото доаѓање. Но, ако останеме будни и одговориме на Божјата благодат правејќи добро, нема да се загрижиме кога ќе дојде Господ и кога ќе заспиеме затоа што сме собрале залихи на елеј со секојдневни добри дела – истакна Папата. Тој рече дека пример за делотворна љубов е Пресвета Богородица, нашата застапничка.
Потоа Папата се осврна на драмата на народите во Средна Америка, која е многу погодена не само од пандемијата на коронавирусот, туку и од ураганот Ета. Потоа Папата ја повика Етиопија да се откаже од искушението за вооружен конфликт и изрази надеж дека заинтересираните страни, собрани во Тунис, ќе најдат решение за прекин на вооружените судири како би престанале неволјите на либискиот народ.
Ватикан њуз/к.мк