Божјото милосрдие нема мера – истакна папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар во недела 17 септември 2017 година.
Светиот Отец во својот говор се осврна на денешното евангелско читање (сп. Матеј 18,21-35) во кое Петар го прашува Исус: Господи, колкупати да му простам на брата си, кога ќе згреши против мене? До седумпати ли?” На тоа Исус му одговара: „Не ти велам до седум, туку до седумдесетпати по седум.” Со други зборови, секогаш. Наведената порака од параболата Исус настојува покаже на окрутниот должник.
Царот од параболата се покажува како великодушен човек, кој на својот слуга му простува огромен долг кој изнесувал 10 илјади таланти. Од друга страна, тој ист слуга се покажува немилосрден кон својот должник, кој му должел мала сума пари, се на сѐ 100 денарии. И наместо на својот должник да му искаже милосрдие, окрутниот слуга го фрла во затвор.
Тој слуга се однесува немилосрдно и недоследно – истакна Папата. Верниците не би смееле да го следат неговиот пример, туку оној на добриот и милосрден цар, кој ни ја даде и ни ја покажа „науката на простување“, кој ни даде до знаење дека човекот е создаден на Божја слика и секогаш е поголем од злото кое го прави.
Светиот Отец потсети дека Бог секогаш простува и тоа со „бескрајно милосрдие“, а од наша страна е потребно да се покаже мал знак за каење, како би ни простил. Папата поттикна да го победиме искушението со затворање на своето срце и одбивање да простуваме на оној кој ни нанел неправда, а кој сега бара простување, потсетувајќи се на зборовите на милосрдниот господар искажани кон окрутниот слуга: „Лукав слуго, јас ти го простив целиот долг, зашто ми се молеше; не требаше ли и ти да се смилиш над својот другар, како што се смилив и јас над тебе?“ Секој кој доживеал искуство на радост, мир и внатрешна слобода, кое пак својот извор го има поради тоа што ни е простено, може да се отвори за можноста од своја страна да прости.
Папата истакна дека Исус во молитвата Оче наш ја вклучува истата таа наука, директно поврзувајќи го простувањето кое го бараме од Бог со простувањето кое мораме да го дадеме на своите браќа и сестри: „И прости ни ги долговите наши, како што им ги проштаваме и ние на нашите должници“ (Матеј 6,12). Божјото простување е знак на неговата изобилна љубов кон секој човек поединечно. Таа љубов ни дава слобода да се оддалечиме како блудниот син, но таа љубов секојдневно го чека нашето враќање. Тоа е љубовта на пастирот кон неговата загубена овца, нежноста која го прифаќа секој грешник, кој тропа на неговата врата.
Небесниот Отец е полн со љубов и сака да ни ја понуди и на нас, но тој тоа не може да го направи тоа ако го затворие срцето за љубов кон другите – рече папата Фрањо и заврши: Нека Дева Марија ни помогне да станеме свесни на бесплатноста и величината на простувањето кое го примивме од Бог, како би станале милосрдни како Него, добриот Отец, кој е спор на лутина, а богат со добрина.
РВ/к.мк
Таг: Ангел Господов
Клучни зборови: