Амбасадорот на Италија во посета на Радио Марија

Амбасадорот на Италија во посета на Радио Марија

На празникот Воскресение Христово, 2 мај 2021 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов со Амбасадорот на Италија во Македонија, Н.Е. Андреа Силвестри придружуван од неговата сопруга, ја посетија парохиската црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ и просториите на Радио Марија во Струмица, каде беа примени од о. Гоце Костов, директорот на радиото.

На средбата о. Гоце Костов ги запозна присутните со работата на радиото и програмата, при што беше истакната заложбата на радиото во борбата со Ковид – 19.

Радио Марија е прво верско радио во Македонија. По скоро двегодишната работа на фреквенцијата во Струмица, Радио Марија го зазема своето место во медиумскиот простор.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот