Активности на црковните одборници во Нова Маала
Црковните одборници при еноријата “Успение на Пресвета Богородица” од Нова Маала го одржа третиот по ред состанок во оваа година, на кој беа разгледани неколку актуелни точки.
Всушност одборниците се како “ѓакони” во служењето на верниците. Тие се посредници и помагатели на свештеникот. Како што свештеникот ги услужува верниците од духовен аспект, така одборниците му помагаат на народот од практично-помагателен аспект. Црковните одборници треба да бидат добри христијани, верници практиканти кои се вклучени во активностите на црковниот живот. Потребно е да се со авторитет. Како што реков тие се помагатели на верниците – се грижат за многу работи, како на пример за хигиена во црквата, за чукање на камбаната, за набавка на потребните работи, за водење на економските потреби… Сето тоа одборниците го прават доброволно со голема љубов и почит кон Црквата и верниците. За сето тоа што го направиле минатите одборници и сегашните а се разбира и идните црковни одборници што ќе го прават, нека примат од Бога големи благодати, а од нас срдечна благодарност.
И така со овие задачи и одговорности како минатата така и оваа година сите верници од Нова Маала се учесници со доброволен прилог во обновувањето на нашиот храм.
Благодарение на црковните одборници е донесена одлука да се сменат старите прозорци со нови PVC прозорци. Во моментот тоа е веќе завршена работа, сега сме во фаза на обработка со малтарија за да се комплетира работата. На тој начин се овозможува подобар изглед на Црквата и во зимски услови побргу да се загрева.
На истиот состанок се разгледуваа и планови за во иднина. Господ нека ги благослови сите потфати на сите црковни одборници и на сите верници во светот.
о. Спасо Ристов