Апостолски патувања во Обединетите Арапски Емирати, Мароко, Бугарија и Македонија, Светска средба на млади во Панама, состанок со претседателите на епископските конференции во февруари, Епископска синода за Амазонија во октомври се некои од настаните во програмата на Светиот Отец за престојаната година
Патувањето на папата Фрањо во Панама на Светскиот ден на млади, ќе се одржи од 23 до 28 јануари и ќе биде првото во патување на Папата во 2019 година. Тема на средбата е од Евангелието според Лука: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!” (1,38). Во месец ноември Папата се обрати до младите со виде опорака и ги повика сите, оние кои веруваат и оние кои не веруваат, да излезат од себе и да се стават во служба на другиот. Нашиот живот наоѓа смисла само во служењето на Бог и ближниот. Многу млади покажуваат желба за помагање на другите, да направат нешто за оние кои страдаат. Силата на младите може да го промени светот преку револуцијата на служење, која може да ги победи моќните сили на овој свет – истакна Светиот Отец во спомнатата виде опорака.
Патување во Обединетите Арапски Емирати
Од 2 до 5 февруари Светиот Отец ќе отпатува во Обединетите Арапски Емирати, тој ќе биде првиот Папа кој ќе ја посети таа земја. Мото на посетата гласи: „Направи ме посредник на Твојот мир“. Во центар на тој настан ќе биде меѓурелигискиот дијалог и братството помеѓу припадниците на различните религии. Властите во Обединетите Арапски Емирати 2019 година ја прогласија за „Година на толеранцијата“, со цел промовирање на култура оддалечена од секаков вид фундаментализам.
Кардиналски совет
Од 18 до 20 февруари 2019 година во Ватикан ќе се одржи 28 состанок на Кардиналскиот совет. Во центар на тој настан ќе биде проектот за ревизија на конституцијата “Pastor Bonus” за Римската курија. Во декември на Светиот Отец му е предаден нов предлог од Апостолската конституција, со наслов “Praedicate evangelium”. Цел е ватиканското управно тело да се направи почувствително за потребите на Црквата, која е мисионерска.
Посета на Македонија
Триесет и три години по историската посета на свети Иван Павле II. на Мароко, оваа земја повторно ќе биде посетена од Папа. Патувањето е закажано за 30 и 31 март. Од 5-7 мај Папата ќе ги посети Бугарија и Македонија. Во Бугарија Светиот Отец ќе ги посети градови Софија и Раковски, а мото на патувањето ќе биде: “Pacem in Terris”, како потсетник на енцикликата на светиот папа Иван XXIII првиот апостолски визитатор и делегат во таа земја. Во Македонија папата Фрањо ќе го посети родниот град на света Мајка Тереза – Скопје, а мото на посетата гласи. „Не бој се мало стадо“ (Лука 12,32).
Синода за Амазонија
Меѓу важните настани кои се закажани за 2019 година е Епископската синода за подрачјето на Панамазонија, која ќе се одржи во октомври. Таа средба ќе опфати седум Епископски конференции и девет земји од амазонското подрачје. Папата Фрањо сака на таа средба да се разгледаат новите патишта за Црквата и целата екологија на тоа подрачје.
Ватикан њуз/к.мк