Папата Фрањо во неделата на 26 август во Феникс Парк во Даблин го предводеше завршното литуриско славење на IX. Светска средба на семејствата под геслото „Евангелието на семејствто: Радост за светот.“
Светиот Отец помина со папамобилот низ собраното мноштво, поздравувајќи стотици илјади ходочасници кои се собраа и покрај силниот ветар и дождот. Добредојде на Светиот Отец му изрази претседателот на Светската средба на семејствата во Даблин надбискупот Дијармуд Мартин.
Папата ги поттикна христијанските семејства да бидат пример во општеството, истакнувајќи дека на светот му е потребно тоа охрабрување. Светиот Отец на почетокот на славењето неочекувано во покајнички чин повторно молеше за прошка заради сексуалната злоупотреба, злоупотребата и искористувањето во католичките институции и прикривањето на тие злодела од страна на црковните службеници. На таа серија на молитви кои Папата ги изговри на мајчиниот шпански јазик мноштвото одговори со аплауз.
Во проповедта Светиот Отец семејството го нарече привелигирано место за пренесувањето на верата. Секој ден во животот семејството и секоја нова генерација го носи ветувањето на „новата Педесетница“ и новата храброст. Љубовта може да го ослободи светот од ропството на гревот, себичноста, алчноста и рамнодушноста кон оние во потреба, порача Светиот Отец. Христијаните никогаш не смеат да се обесхрабрат заради рамнодушноста и неријателството, предупреди Папата и притоа ги спомна и „предизвиците“ за прифаќањето на мигарантите и странците, заземање за правата на најслабите, неродените или старите луѓе.
На крајот од литургиското славење, префектот на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, кардиналот Кевин Јозеф Фарел најави дека јубилејната X. Светска средба на семејствата ќе се одржи во 2021 година во Рим, каде е одржана и првата на поттик на свети Иван Павле II. во 1994 година, и оној во годината на големиот јубилеј 2000. Останатите средби се одржани во: Рио де Жанаиро, Манила, Валенсија, Мексико, Милано и во Филаделфија во септември 2015 година.
Папата по светата Литургија се упати на средба со епископите во манастирот на сестрите Доминиканки, по што ќе тргне кон аеродромот од каде околу 20 часот ќе полета за Рим.
Феникс Парк чии почетоци се наоѓаат во XII. век, а за јавноста е отворен во 1747 година, се простира на 700 хектари на кои меѓудругото се наоѓа претседателската резиденција, спортски игралишта, познатата зоолошка градина трета најстара во светот, градини и езера. Името на паркот на ирски значи „парк на чистата вода“. Во паркот доминира и големиот Папски крст подигнат во спомен на литургиското славење кое на 29 септември 1979 година со еден милион и 200 илјади ходочасници, кое го предводеше свети Иван Павле II.
Ватикан њуз/к.мк