Tag "Папа Фрањо"
Светиот Отец во аудиенција ја прими претседателката на Хондурас
Во четврток 20 октомври 2022 година, Светиот Отец ја прими претседателката на Хондурас, која потоа се сретна со државниот секретар кардинал Паролин и надбискупот Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации.
Генерална аудиенција: Да ги откриеме малите чуда што Бог ги прави за нас
За да го разликуваме доброто од злото, треба да погледнеме во себе и да се запрашаме за мислите, дури и за негативните кои го трујат нашето постоење. За ова зборуваше Папата на Генералната аудиенција, презентирајќи го искуството на свети Августин и свети Игнатиј, учители на вежби за расудувањето. Нашиот живот, рече тој, е најскапоцената книга што ни е дадена.
Папата повика на молитва за Украина
Во поздравот до италијанските верници собрани на редовната Генерална аудиенција во среда, 19 октомври, папата Фрањо повика на молитва за „маченичката Украина“.
Папата против идејата за праведна војна: Вооружениот конфликт е секогаш погрешен одговор
Во новата книга Папата ја коментира војната во Украина, а на „локалните, националните и светските власти“ им порачува: „Барам, во име на Бога, да престане суровото лудило на оваа војна“. Сметам дека нејзиниот развој во наше време е вистински политички неуспех“.
Папата: Да се искорени гладот во духот на братството
Папата Фрањо испрати порака до учесниците на Светскиот форум за храна (WFF), кој се одржува во седиштето на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во Рим и преку интернет, а него присуствуваат млади, политичари, научници, економисти, мали и големи компании од целиот свет. Да се препознае централното место на човекот и да веруваме во братството; само така нема да им дадеме на луѓето „само да јадат“, туку ќе се дадеме „себе во служба на другите“
Економското преобраќање е можно само со преобраќање на срцето
„Кога можеме да размислуваме повеќе за сиромашните; кога ќе научиме да го ставаме општото добро пред поединецот; кога ќе сфатиме дека недостатокот на љубов и правда во нашите односи е последица на занемарувањето на нашиот однос со Создателот, што влијае и на нашиот заеднички дом – тогаш ќе можеме да ги смениме штетните постапки кои подготвуваат неизвесна иднина за новите генерации“, истакна папата Фрањо на 17 октомври 2022 година, примајќи ги младите шпански претприемачи.
Папата: Сиромаштвото е кревкост што најпрво се соединува со Бога
Откако ги прими монасите Цистерцијци, собрани во Генерално собрание, Папата зборуваше за важноста да се следи Исус во заедницата, секој со својот чекор, отворајќи се и излегувајќи во пресрет на другите: да не дозволиме злото да ни ја украде надежта.
Ангел Господов: Молитвата е лек за верата, освежување на душата
Во своето пладневно обраќање пред молитвата Ангел Господов во недела 16 октомври 2022 година, Папата им препорача на верниците постојана молитва за да не залади љубовта кон Бога. Неопходно е секој ден да му посветувае време на Бога, а ако сте многу зафатени, вашето срце може да биде блиску до него со прибегнување кон традиционални кратки молитви, често римувани, рецитирани особено од постарите, кои лесно се паметат и може да се повторуваат почесто во текот на денот.
Папата: Грев е да се заборават војните во сиромашните земји
Папата се сретна со членовите на Папскиот институт за надворешни мисии по повод 150-годишнината на списанието „Mondo e Missione“ при што зборуваше за географските и егзистенцијалните периферии и ја истакна неговата главна задача – да биде гласот на безгласните. Своите мисли посебно ги посвети на конфликтите за кои воопшто не се зборува, од Сирија до Јемен, од Мјанмар до африканскиот континент.
Папата: Црквата е универзална, а не еднолична
Во видео порака што ја испрати до членовите на Сојузот на азиските бискупски конференции, по повод нивната средба во Бангкок, Тајланд, од 12 до 30 октомври, Папата ги охрабри да согледат што им кажува Светиот Дух и да одржуваат братство и близина со сиромашните и младите.