Tag "Папа Фрањо"
Папата се враќа во Рим од Апостолското патување во Африка
Малку подоцна од планираното, авионот со папата Фрањо и неговите двајца екуменски придружници полета од аеродромот во Џуба (Јужен Судан) во 10.56 часот по средноевропско време. Поглаварот на Католичката црква имаше пет интензивни денови на африканскиот континент во знак на мирот и помирувањето.
Папата на Светата Литургија во Јужен Судан: Исус ве познава и ве сака
Со уверување дека Исус лично го познава и сака секој од нас, папата Фрањо ги повика верниците од Јужен Судан да бидат „сол на земјата“ и „светлина на светот“ за време на светата Литургија на која присуствуваше огромно мноштво во Џуба.
Папата на екуменската молитва во Јужен Судан: Оние кои започнуваат војна го предаваат Бога
Папата Фрањо им се обрати на верниците собрани на екуменската молитва во Јужен Судан и ги повика сите присутни на молитва, работа и патување.
Папата до внатрешно раселените лица: Бидете семе на надеж за мир во Јужен Судан
Папата Фрањо се сретна со група внатрешно раселени лица од Јужен Судан во главниот град Џуба и го повтори својот силен апел да се прекинат сите конфликти со цел да се обезбеди подобра иднина за народот на Јужен Судан.
Папата Фрањо апелира до лидерите на Јужен Судан да го запрат крвопролевањето
Светиот Отец им порача на водачите на поделениот Јужен Судан дека идните генерации или ќе ги почитуваат нивните имиња или ќе го избришат сеќавањето на нив, врз основа на она што сега го прават и апелираше до нив да го остават времето на војната зад себе и да дозволат да осамне време на мир.
Папата Фрањо го заврши Апостолското патување во ДР Конго
Папата Фрањо го заврши своето Апостолско патување во Демократска Република Конго и со авион замина на долгоочекуваното екуменско ходочастие во Јужен Судан.
Папата: Служете им на луѓето како сведоци на Божјата љубов
На третиот ден од Апостолска посета на Демократска Република Конго, по утринската средба со младите и катехистите и по средбата со премиерот, папата Фрањо попладнето на празникот Сретение Господово, 2 февруари 2023 година, се сретна со свештеници, ѓакони, монаси, монахињи и семинаристи во катедралата во Киншаса.
Папата до младите од Конго: Иднината е во ваши раце
На „Стадионот на мачениците“ во главниот град Киншаса, во четврток 2 феваруари 2023 година, папата Фрањо се сретна со младите и катехистите од Демократска Република Конго. Богата средба, вистински празничен момент, карактеристичен со традиционални танцови и сведоштва.
Преживеаните од насилството во ДРК со Папата споделија потресни доживувања
Папата фрањо се сретна во Киншаса со преживеаните од источниот дел на Демократска Република Конго разурната од војната и откако ги слушна нивните ужасни сведоштва уште еднаш го осуди насилство.
Папата: Хуманитарните организации се семе на надеж во ДР Конго
Папата Фрањо го заврши вториот ден од своето Апостолско патување во Демократска Република Конго со средби со претставници од неколку хуманитарнни организации во Киншаса и им се заблагодари за нивната скапоцена работа за најранливите.