Папата до младите од Конго: Иднината е во ваши раце

Папата до младите од Конго: Иднината е во ваши раце

На „Стадионот на мачениците“ во главниот град Киншаса, во четврток 2 феваруари 2023 година, папата Фрањо се сретна со младите и катехистите од Демократска Република Конго. Богата средба, вистински празничен момент, карактеристичен со традиционални танцови и сведоштва.

Многу раце кренати кон небото го пречекаа Римскиот бискуп во преполниот „Стадион на мачениците“ во Киншаса: присуствуваа повеќе од 65.000 млади. Музика, аплауз и шарени знамиња го придружуваат пристигнувањето на Папата со папамобилот. Млади Конгоанци кои дојдоа заедно со своите катехисти на оваа долгоочекувана средба за да му раскажат на Папата за нивните животи, очекувања, проблеми, желба за чесност и добрина. „Сакаме мир во ДР Конго“, пишуваше на некои плакати испишани на италијански. Папата Фрањо ги охрабри сите присутни да бидат свесни дека се една Црква и дека рацете на сите нив се од големо значење за градењето мир, за една поинаква иднина на Демократска Република Конго:

Благодарение на вас, вашата земја може повторно да стане братска градина, срцето на мирот и слободата на Африка!

Папата ги охрабри младите да погледнат во нивните раце . „Отворете ги дланките, погледнете ги. Пријатели, Бог го стави во вашите раце дарот на животот, иднината на општеството на оваа голема земја. Брате, сестро, дали мислиш дека твоите раце изгледаат мали и слаби, празни и непогодни за толку големи задачи? Би сакал да истакнам една работа: сите раце се исти, но една не е иста како другата“.

„За што служат овие мои раце?“, ги праша Папата младите и катехистите. „Да се изгради или да се урне, да се даде или да се земе, да се сака или да се мрази? Гледаш, можеш да ја стиснете раката и да ја затворите, станува тупаница; или можете да ја отворите и да ја ставите на располагање на Бога и на другите“.

Папата тогаш предложи некои „состојки за иднината“. Пет, како прстите на раката.

Палецот, прстот „најблиску до срцето“, „одговара на молитвата што го прави животот да пулсира“. За папата Фрањо, „молитвата е првата главна состојка, затоа што не можеме сами. Ние не сме семоќни и кога некој мисли дека е, очајно пропаѓа. Тоа е како откорнато дрво: и кога е големо и силно, не може да стои исправено. Затоа, мораме да бидеме вкоренети во молитвата, во слушањето на Божјото Слово, кое ни овозможува да растеме во длабочина секој ден“.

Кажете му на Исус „за вашата населба, соседи, учители, соученици, пријатели и колеги; за вашата земја. Бог ја сака оваа жива, конкретна молитва упатена од срце“, истакна Папата.

Да погледнеме на вториот прст, показалецот. „Со него им покажуваме нешто на другите. Другите, заедницата. Размислете за дрогата: се криете од другите, од реалниот живот, за да се чувствувате семоќни; и на крај ќе се најдеш лишен од се. Но, размислете и за зависноста од окултизам и маѓија што ги заробува во страв, одмазда и гнев. И пазете се од искушението да покажете со прст кон некого, да исклучите некого затоа што има поинакво потекло од вашето, регионално, племенско, изгледа дека тоа ве прави силни во вашата група, а всушност претставува порекнување на заедницата“.

За време на својот говор Папата ги поттикна сите да подадат рака на другиот до него, и на тој начин да се почувствуваат како една Црква и еден народ. На крајот, Папата се придружи на песната на 65.000 присутни млади: „Да, вие сте многу неопходни и одговорни за вашата Црква и за вашата земја“.

„Не сте сами во овој потфат: ве поддржува целата Црква распространета во светот. Дали е ова тежок предизвик? Да, но тоа е можен предизвик“, истакна Папата.

Доаѓаме до најдолгиот прст. „Ова е клучната состојка за иднината што ги исполнува вашите очекувања. Тоа е искреноста!“, рече папата Фрањо.

Папата потоа раскажа за еден посебен настан. „Се сеќавам на сведочењето на еден млад човек како тебе, Флориберт Бвана Чуи: пред петнаесет години, на само дваесет и шест години, беше убиен во Гома затоа што го спречи преминувањето на расипана храна штетна за здравјето на луѓето. Можеше да ги пушти да поминат, никој немаше да знае па дури и ќе беше награден. Но, како христијанин, тој се молеше, мислеше на другите и избра да биде искрен велејќи не на валканата корупција. Тоа значи да имате чисти раце додека рацете кои тргуваат со пари се извалкани со крв. Би сакал да кажам нешто важно: внимавајте ако некој ви понуди плик, ако ви ветува услуги и богатства, не дозволувајте да ве заведат!

Стигнавме до четвртиот прст, до безимениот. „На него се ставаат брачните бурми. Но, ако размислите добро, тој е безимен и најслаб, оној кој најтешко се придвижува. Нé потсетува дека големите животни цели, љубовта пред сé, минуваат низ слабостите, напорите и тешкотиите. Но, во нашите слабости, во нашите тешкотии, која е силата што не тера да одиме напред? Простувањето“, рече папата Фрањо, кој ги повика младите една минута да размислат кои се тие кои нé навредиле и да им простиме.

А сега за последниот прст, најмалиот. „Секој би можел да помисли: Јас сум нешто мало и доброто кое можам да го направам е капка во океанот“. Но, ако само малку се понизиме, го привлекуваме Бога. Во оваа смисла, има еден клучен збор: служење. Кој служи се понизува себеси“.

Никогаш не се обесхрабрувајте! Кога сте обесхрабрени, земето го Евангелието, Исус ќе ви даде сила.

На крајот папата Фрањо побара благослов за сите млади Конгоанци, Бог да им даде сила да одат напред.

Одговорот беа радосните извици кои го исполнија „Стадионот на мачениците“ во Киншаса. Искреноста е спротивно на корупцијата, извикаа сие присутните млади. Пораката, која Киншаса никогаш не треба да ја заборави гласи: Влевајте доверба за новите генерации.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот