Tag "Папа Фрањо"
Папата: Да се грижиме за болните како Добриот Самарјанин
Во Твитер пораката објавена на 11 февруари 2023 година по повод Светскиот ден на болните, папата Фрањо поттикна на внимание кон оние кои страдаат, земајќи го Добриот Самарјанин како пример.
Папата: Да учиме од домородните народи
На средбата со учесниците на шестиот глобален состанок на Форумот на домородните народи, организиран од Меѓународниот фонд за развој на земјоделството (ФАО), Папата истакна дека во денешната невидена социјална и еколошка криза, треба да научиме повеќе да го слушаме домородното население и да учиме од нивниот начин на живот. Тој, исто така, ги повика владите да ги почитуваат нивните права и предупреди дека екстрактивизмот и уништувањето на шумите ги уништуваат домородните култури.
Папата Фрањо: Спортот е метафора за животот
Примајќи ги членовите на спортското здружение „Спорт во Ватикан“, кое го сочинуваат спортисти кои работат во Куријата, папата Фрањо ги поучи за основните правила за спортистите и истакна дека здравото натпреварување придонесува за созревање на духот.
Папата: Да ја запреме омразата, да се обединиме во болка и да им помогнеме на Турција и Сирија
Твитер пораката на Папата Фрањо објавена на неговиот профил @Pontifex на 9 февруари 2023 година гласи: „Не“ за војните и поделбите што водат до самоуништување“.
Папата: Во градовите глуви на сочувство, да го слушнеме плачот на болните
Примајќи ги во аудиенција претставниците на Пасторалот за болни на Римската бискупија, по повод Светскиот ден на болните, кој се одбележува на 11 февруари, папата Фрањо ги охрабри да изградат мрежи на солидарност за болните: треба да научиме да гледаме во болката на нашиот брат „знакот на предност“
Папата: Во ДР Конго и Јужен Судан „не“ за резигнација, „да“ за надежта
По враќањето од своето Апостолско патување во Африка, каде што беше од 31 јануари до 5 февруари, папата Фрањо ја посвети катехезата на Генералната аудиенција на 8 февруари на најзначајните моменти од тоа патување, потсетувајќи на поттикот што го испрати во Киншаса, дека треба да престане Африка да се експлоатира, како и за екуменскиот дел од патувањето во Џуба, заедно со надбискупот од Кантербери и модераторот на Генералното собрание на црквата на Шкотска.
Папата: Папата повика на солидарност со Турција и Сирија и да не ја заборавиме Украина
На крајот од Генералната аудиенција, папата Фрањо упати апел за Турција и Сирија, земји уништени од земјотресот во кој илјадници луѓе ги загубија животите, а безброј други се повредени: „Ги охрабрувам сите да се солидаризираат со овие области, кои делумно се измачувани и од војна“. Тој исто така поттикна на молитва за спасувачите, чија работа е отежната поради неповолните временски услови и големите оштетувања на патиштата. Светиот Отец го спомена и украинскиот народ кој – како што рече – е
Сочувство на Папата за разорниот земјотрес во Сирија и Турција
Папата Фрањо испрати телеграми до нунцијот Зенариј во Сирија и Солчински во Турција, изразувајќи сочувство за жртвите од силниот земјотрес што минатата ноќ ги погоди тие две земји. Светиот Отец ги вети своите молитви за починатите и нивните семејства, а посебни мисли им испрати на оние кои се вклучени во спасувањето и помошта
Папата: „Целиот свет е во војна, во самоуништување, да запреме навреме!“
Враќајќи се од Јужен Судан, во недела на 5 февруари 2023 година, папата Фрањо, надбискупот од Кантербери Велби и модераторот на Генералното собрание на црквата на Шкотска, Гриншилдс, разговараа со новинарите. Светиот Отец зборуваше за насилството, дефинирајќи го како „тема на денот“ и посочи дека еден од проблемите е продажбата на оружје. Зборувајќи за Бенедикт XVI, рече дека неговата смрт е инструментализирана и истакна дека почесниот Папа не бил огорчен од она што го правел.
Папата Фрањо се заблагодари на Богородица по враќањето во Рим
Папата Фрањо ја посети базиликата Света Марија Велика по неговото враќање во Рим и се помоли пред иконата на Пресвета Богородица во знак на благодарност за неговото Апостолско патување во Јужен Судан и Демократска Република Конго.