Tag "Папа Фрањо"
Папата: Луѓето пронаоѓаат смисла во односите, а не во технологијата
Примајќи ги во аудиенција членовите на Папската академија за живот папата Фрањо размислуваше за човечката потрага по смисла и рече дека односите со другите луѓе се во центарот на човековото постоење.
Папата Фрањо се сретна со аргентинскиот претседател Милеи
Папата Фрањо во Апостолската палата во приватна аудиенција го прими аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, еден ден по прогласувањето на првата аргентинска светица
Ангел Господов: Во овој виртуелен свет треба потребно е конкретно да се грижиме за другите
Конкретноста е зборот што најмногу се повторува во размислувањата на папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов во недела 11 февруари 2024 година. Папата се осврна на Исусовото однесување во евангелскиот пасус кога Тој „смилува, протегна рака, се допре до него и го зилекува“ страдањата. Папата своите мисли ги сврте кон светот во кој доминира „ефемерната виртуелност на односите“, додека за љубов е „потребно присуство, средба, посветување на време и простор“, селфи или „набрзина напишани пораки“ не се доволни
Папата Фрањо ја прогласи за светица аргентинската посветена мирјанка Мама Антула
Папата Фрањо во недела, 11 февруари 2024 година ја прогласи за светица Марија Антонио де Сан Хозе, опишувајќи ја како патничка на духот и пример за апостолска ревност и храброст.
Светски ден на болните: Неприфатливо е непочитувањето на човековите права
Папата Фрањо се помоли за сите оние во светот кои не можат да се лекуваат, дали тоа било поради екстремно сиромаштво или затоа што се во воени зони
Папата: Светоста на Mама Антула беше поттикната од довербата во Бога
Папата Фрањо во петок 9 февруари 2024 година во аудиенција ги прими ходочесниците од Аргентина кои дојдоа во Рим за канонизација на блажената Марија Антонија де Сан Хозе де Паз и Фигероа, позната како Мама Антула и ја пофали нејзината светост, вера и истрајност.
Папата Фрањо ги сподели своите сеќавања за папата Бенедикт XVI
„Бенедикт и јас имавме многу добар однос, сакам тоа да се знае и сакам да се знае без посредници. Ова го пишува папата Фрањо во новата книга која ќе биде објавена за неколку месеци.
Папата Фрањо: Литургијата треба да биде за целиот Божји народ
Папата Фрањо се сретна во четврток, 8 февруари во салата Павле VI. во Ватикан со членовите на Дикастеријата за богослужби и дисциплина на Светите Тајни, потсетувајќи ги дека Црквата не може да се реформира без реформирање на Литургијата, која треба да биде за целиот Божји народ.
Папата истакна три клуча за постојаната формација на свештениците
Повикувајќи на милосрдие и нежност, папата Фрањо ги пофали светите свештеници кои верно служат на своето стадо. Говорејќи пред учесниците на Меѓународната конференција за постојана формација на свештениците во Ватикан, истакна три клуча за формација на христолики свештеници.
Папата потсети на војните во Украина и на Блискиот Исток
Скоро две години по почетокот на војната, папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 7 февруари 2024 година уште еднаш потсети на луѓето во Украина: „Да не ги заборавиме војните“.