Tag "Папа Фрањо"
Монс. Јурковиќ на средбата за меѓурелигискиот дијалог: Потребно е поголемо внимание кон последиците од пандемијата
Во излагањето на годишниот состанок за меѓурелигиски дијалог постојаниот набљудувач на Светиот Престол при ООН во Женева изрази страв од последниците од ширењето на коронавирусот, од оние очигледните и од оние помалку кои се забележуваат, но кои заради тоа не се помалку сериозни.
Две нови советнички во Папскиот совет за култура
Папата Фрањо во петокот на 26 февруари именуваше две нови советнички во Папскиот совет за култура.
Кардинал Сандри за посетата на Папата во Ирак
На крајот од првата недела во март, папата Фрањо ќе го посети Ирак, земја ранета од војни и насилство, каде ќе се сретне со локалните христијани и припадници на други религии. Префектот на Конгрегацијата за Источни цркви, кардинал Леонардо Сандри, ги сподели своите размислувања за причините и значењето на ова патување.
Сочувство на Папата за убиениот италијански амбасадор
Папата Фрањо на 23 февруари вечерта испрати телеграма со сочувство до италијанскиот претседател Серџо Матарела по повод убиството на италијанскиот амбасадор Луче Атанаси во нападот во ДР Конго.
Нови именувања во Ватикан
Папата Фрањо именува членови во Управата за имот на Апостолскиот Престол, членови на Папскиот одбор за историски науки и генерален секретар на Папскиот универзитет Латеран, објави во понеделникот на 22 февруари Службата за печат на Светиот Престол.
Папата: Да бидеме соединети во молитвата
Духовните вежби во Великиот пост на Римската курија оваа година, поради пандемијата, нема да се одржат. На сите учесници Папата им подари книга со наслов „Имај го Господ во срцето“, преземена од еден стар ракопис од XVII. век.
Папата Фрањо: Да се вратиме на изворот на милосрдието
Деведесет години по првото објавување на милосрдниот Исус на сестра Фаустина Ковалска, Папата испрати порака до бискупот на Плоцк, во која ги повика верниците да се вратат на изворот на милосрдието за да бидат способни за трпеливост, простување и љубов.
Папата одобри осум декрети за чуда и херојски крепости
Во сабота 20 февруари 2021 година папата Фрањо го прими префектот на Конгрегацијата за прогласување на блажени и свети, кардинал Марсело Семераро, и одобри прогласување на осум декрети – признавање на чуда преку застапништво на италијанската лаикиња и херојски крепости за уште седум Слуги Божји.
Папата ненадејно ја посети Едит Брук
Папата Фрањо во сабота попладне на 20 февруари 2021 година во Рим ја посети унгарско-италијанската писателка Едит Брук, која го преживеала нацистичкиот логор Аушвиц.
Ангел Господов: Христијанскиот живот е борба против злиот
„Целото Христово служење, во многуте објави, е борба против злото“. Ова го истакна папата Фрањо за време на говорот пред молитвата Ангел Господов на 21 февруари 2021 година, потсетувајќи на четириесетте дена, кои Исус ги помина во пустината.