Tag "Папа Фрањо"
Пораката на Папата по повод празникот на Пресвето Срце Исусово
Во пресрет на претстојниот празник Пресвето Срце Исусово, папата Фрањо во среда 9 јуни 2021 година ги повика верниците, да се молат на Исус да ги преобрази нивните срца и великодушно да го сакаат Бог и ближниот.
Црквата треба да биде голема сала во која секој може да влезе
На проповедта на светата Литургија, која папата Фрањо ја служеше во недела 6 јуни 2021 година на празникот Пресвето Тело и Крв Христова во базиликата Свети Петар, истакна дека е потребна жед за Бога, инаку нашите славења се залудни. „Ако нема чудење и воодушевување за Евхаристијата, нема пат што нѐ води до Господ“.
Папата повикува во вторник сите да посветат една минута за мир
Папата Фрањо во недела 6 јуни 2021 година по завршувањето на молитвата Ангел Господов повика во вторник 8 јуни 2021 година, секој според својата верска традиција да посвети по една минута за мир. Молитвената акција тој ден во 13.00 часот ја организира Меѓународната католичка акција (Azione Cattolica Internazionale). Светиот Отец особено повикува на молитва за мир во Светата Земја и за Мјанмар.
Ангел Господов: Евхаристијата е леб за грешниците, а не награда за светците
Пред молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар,папата Фрањо потсети дека оваа недела во Италија и во некои други земји се слави празникот на Пресветото Тело и Крв Христови и истакна дека Евхаристијата лекува затоа што Исусовата милост не се плаши од нашите слабости.
Папата до Обединетите нации: Да се обнови уништената природа значи да се опоравиме нас самите
По повод почетокот на иницијативата на Обединетите нации „Деценија за обнова на екосистемите“, папата Фрањо до Обединетите нации испрати порака која во видео запис ја прочита државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин, а во која истакнува дека деградацијата е јасен резултат на економската дисфункција.
Момент на братство – сеќавање на посетата на папата Фрањо на Ирак
Три месеци по патувањето на Папата во таа блискоисточна земја, политичарите и верските водачи се осврнаа на вебинар за значањето на плодовите од таа посета и проектите на соработка помеѓу христијаните и муслиманите.
Папата именува нов нунциј во Израел и Кипар
Светиот Отец на празникот Пресвето Тело и Крв Христова, четврток, 3 јуни 2021 година го именува монс. Адолф Тито Ј’лан за нов апостолски нунциј во државата Израел и Република Кипар, извести канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Молитвена накaна на Папата за јуни 2021 година
Во центар на молитвената накана на Папата за месец јуни 2021 година е брачната среќа.
Папата Фрањо направи дополнувања и измени во казнените мерки во Црквата
Во Ватикан, на празникот на Свети Јустин, во вторник, 1 јуни 2021 година, е објавена Апостолската конституција „Pascite gregem Dei“ на папата Фрањо, со која се одобрени измените и дополнувањата на Шестата книга од законот на канонско право „Казнени мерки во црквата“.
Во Ватиканските градини заврши молитвениот маратон за престанок на пандемијата
Папата Фрањо го заврши молитвениот маратон и богородичниот месец во понеделник 31 мај во Ватиканските градини со молитвата Света Бројаница пред иконата на Пресвета Богородица која разврзува чворови.