Tag "Папа Фрањо"
Папата за Синодата: Учество на сите под водството на Светиот Дух
Во Ватикан на 9 октомври 2021 година се одржа момент на размислување по повод почетокот на синодското патување кое папата Фрањо ќе го отвори во недела на 10 октомври 2021 година со света Литургија во базиликата Свети Петар.
Папата до пратениците: За заштита на планетата итно се потребни мудри и праведни закони
Папата Фрањо се обрати до учесници на меѓупарламентарниот состанок во пресрет на Конференцијата за климатските промени Сор26, на 9 октомври. Состанокот е одржан во соработка со италијанскиот парламент и Меѓунарламенталната унија (IPU), a учесниците се сретнаа со Светиот Отец во салата Павле VI.
Папата ја прими претседателката на Преставничкиот дом на САД
Во саботата на 9 октомври 2021 година, папата Фрањо ја прими претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси.
Кардинал Паролин ќе ја предводи ватиканската делегацијата во Глазгов
Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 8 октомври 2021 година објави дека делегацијата на Светиот Престол на климатската конференција на ОН COP26 во ноември во Глазгов, Шкотска, ќе ја предводи државниот секретар на Папата, кардиналот Пиетро Паролин.
Папата Фрањо: Религиите се повикани да го разоружаат човечкото срце
Папата Фрањо во четврток 7 октомври 2021 година присуствуваше на свеченото затворање на дводневната Меѓународна средба организирана од заедницата Свети Егидиј. „Ние сме повикани, како претставници на религиите, да не подлегнуваме на искушенијата на светската моќ, туку да бидеме глас на оние што немаат глас, поддршка за оние што страдаат, застапници на угнетените, жртвите на омраза, отфрлените луѓе на земјата, но скапоцени во очите на оној што живее на небесата“, рече тој во своето обраќање.
Свети Иринеј, духовен мост помеѓу Исток и Запад
Папата Фрањо ја прими заедничката католичко-православна работна група „Свети Иринеј“. „Со задоволство свети Иринеј ќе го прогласам наскоро за црковен учител со титула Doctor unitatis“, рече Папата.
Папата Фрањо: Еколошката криза бара одговорност, конкретност и стручност
Папата Фрањо отвори нов циклус студии на Папскиот Латерански универзитет во Рим, посветен на еколошките прашања, во соработка со Цариградската патријаршија и УНЕСКО. Во својот говор Светиот Отец истакна дека комплексноста на еколошката криза бара одговорност, конкретност и стручност.
Папата Фрањо во Ватикан ја прими германската канцеларка Меркел
Светиот Отец во четврток 7 октомври 2021 година во Ватикан ја прими германската канцеларка Ангела Меркел. Пандемијата и миграцијата беа во центарот на разговорите.
Монсињор Фабијан Свалина именуван за коадјутор бискуп во Срем
Папата Фрањо на 7 октомври 2021 година за коајутор бискуп во бискупијата Срем, Србија го именува монсињор Фабијан Свалина, свештеник на Ѓаковско – осиечката надбискупија, актуелен директор на Хрватски Каритас и директор на Хрватската католичка мрежа.
Генерална аудиенција: Во името на Исус не може да се биде присилен
Продолжувајќи ја катехезата за Посланието до Галатјаните, папата Фрањо на 6 октомври 2021 година, со присутните во салата Павле VI. зборуваше за христијанската слобода.