Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата: Како Света Јадвига, молете се за мир во Европа

Потсетувајќи се на полската кралица Света Јадвига, основатека на Јагелонскиот универзитет, папата Фрањо по катехезата на Генералната аудиенција во среда 8 јуни 2022 година, побара од полските верници да прибегнат кон нејзиното застапништво за да замолчи оружјето на европскиот континент.

Ватикан Вести

Папата се моли за жртвите од масакрот во Католичката црква во Нигерија

Папата Фрањо испрати телеграма со сочувство до локалниот бискуп и верниците од епархијата Ондо, каде на 5 јуни, на празникот Педесетница се случи масакр, со повеќе од 50 жртви. Телеграмата, потпишана од државниот секретар на папата, кардиналот Пиетро Паролин, е упатена до епископот Џуд Аронгунде. Во пораката Папата ја ветува неговата близина со оние кои се погодени од „овој чин на неискажливо насилство“. Душите на покојните ги препорачува на благодатната љубов на Семоќниот Бог и моли за божествено исцеление и

Ватикан Вести

Папата: Црквата во Амазон сведочи за синодалноста

Папата Фрањо упати порака до учесниците на 4. средба на Католичката црква во Амазонија и поттикна на храброст, смелост и отвореност за Божјото дејствување и вдахновение.

Ватикан Вести

Папата Фрањо повика на инклузивна иднина за мигрантите и бегалците (+Видео)

Објавено е видеото на папата Фрањо за 108. Светски ден на мигрантите и бегалците, кој се одбележува на 25 септември 2022 година.

Ватикан Вести

Папата: Дијалогот е алтернатива на фрагментацијата и конфликтот

Обраќајќи им се на членовите на Дикастеријата за меѓурелигиски дијалог по повод нивната пленарна седница, папата Фрањо истакна дека меѓурелигискиот дијалог е клучен во свет растргнат од конфликти.

Ватикан Вести

Масакр во католичка црква во Нигерија – Папата ја изрази својата болка и тага

Бројни жртви, меѓу кои и деца, од масакрот во црквата Свети Фрањо Ксавиер во Ову, Нигерија. За време на светата Литургија на Педесетница, на 5 јуни, вооружени напаѓачи упаднале во локална црква во северозападниот дел на земјата, убивајќи најмалку 50 луѓе, според локални извори. Додека се разјаснуваат деталите за нападот, папата Фрањо ја изрази својата болка и тага поради крвопролевањето, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Ватикан Вести

Папата: Светиот Дух вдахновува отворена, гостопримлива Црква

Во проповедта на Светата Литургија за Педесетница, предводена од кардиналот Џовани Батиста Ре, декан на Кардиналскиот колегиум, во ватиканската базилика, папата Фрањо рече дека учиме од Светиот Дух каде да одиме, по кои патишта да одиме и како да одиме и да го сакаме „ова и сега“ светот и Црквата, бегајќи од зависта, озборувањата, виктимизмот и негативностите што доаѓаат од злото

Ватикан Вести

Царице небесна: Благодарение на Светиот Дух, верата е секогаш млада

Пред молитвата Царице небесна, папата Фрањо ги поттикна верниците во тешките моменти да го повикуваат Светиот Дух, читајќи го Евангелието. И се фокусираше на богатството на празникот Педесетница и истакна дека Духот ги поврзува учењата на Исус со секое време и секој човек

Ватикан Вести

Папата до лидерите на народите: Не водете го човештвото во пропаст!

По молитвата Царице небесна, папата Фрањо повторно апелираше за крај на војната во Украина, мислејќи и на рибарите и работниците казнети од конфликтот; тој изрази и задоволство од прекинот на огнот во Јемен и жали за жртвите во неодамнешните обилни дождови во Бразил. Спомна и за беатификацијата на мачениците капуцини, отец Леонард Мелки и отец Томас Џорџо Салеха, кои беа прогласени во сабота 4 јуни 2022 во Бејрут, Либан.

Ватикан Вести

На 28 август папата Фрањо ќе ја посети Аквила

Папата ќе ги поздрави семејствата на жртвите од земјотресот во 2009 година и ќе служи Света Литургија во базиликата Света Марија – Колемаџо, со обред отворање на Светата врата. Надбискупот митрополит на Аквила, кардинал Џузепе Петроки изјави дека тоа е „гест на наклонетост кон нашата Црква и нашиот град“ на Папата кој ја гледа болката на сите народи.