Tag "Папа Фрањо"
Папата до дипломатскиот кор: Секоја војна, мора да се прекине
Папата Фрањо ги прими членовите на дипломатскиот кор акредитирани во Светиот Престол и се осврна на сите трагедии што го растргнуваат светот денес: од војната во Украина до насилството во Светата Земја, од кризата во Никарагва до тензиите во Кавказ и Африка. Го осуди сурогат мајчинството, родовите теории, антисемитизмот и прогонството на христијаните и поттикна сериозна посветеност на феноменот на миграцијата и градењето мир преку политичко-социјален дијалог и образование.
Папата го честита Божиќ на христијаните од Исток
Во апелите по молитвата Ангел Господов во недела 7 јануари 2024 година, Папата побара ослободување на заложниците во Колумбија и поттикна да молиме за мир во Украина, Светата Земја и целиот свет. Ја изрази својата близина со населението на Република Конго погодено од поплави и ги упати своите најдобри желби до христијаните кои според јулијанскиот календар денеска го слават Божиќ
Во Сикстинската капела папата Фрањо крсти 16 деца
На празникот Крштение Господово, Папата во недела 7 јануари 2024 година во Сикстинската капела крсти 16 деца со учество на нивните родители и кумови. „Тие се протагонисти денес затоа што ќе го добијат најубавиот дар: верата“
Ангел Господов: Исус дојде за грешниците и во крштението ги чисти нашите срца
На празникот Крштение Господово, Папата се фокусираше на значењето на Светата Тајна што нè прави деца Божји, засекогаш. Треба да се сеќаваме на денот кога сме крстени, да го знаеме датумот, поттикна Папата, бидејќи тоа е нов роденден
Папата: Да им се помогне на сиромашните значи да им се даде достоинство
Папата Фрањо на 5 јануари 2024 година во Ватикан ја прими Задругата Unicoop Фиренца и фондацијата „Il Cuore si scioglie“ (Срцето што се топи), кои се посветени на поддршка на социјално ранливите луѓе: неопходно е да се стремиме кон интегрален развој на поединците и раст на заедницата и вклучување, споделувајќи ресурси и вештини за сечие добро. Покрај тоа, Папата повторно ги спомна страдањата на Украина
Иран: Папата длабоко ожалостен заради жртвите од експлозиите во Керман
Папата Фрањо испрати телеграма, потпишана од државниот секретар кардиналот Пјетро Паролин, до семејствата на жртвите и повредените во двојниот напад на 3 јануари 2024 година во близина на гробиштата во Керман, каде илјадници ходочесници требаше да ја одбележат четвртата годишнина од смртта на Сулејмани.
Генерална аудиенција: Исус е со нас во постојаната борба помеѓу доброто и злото
Папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 3 јануари 2024 година ги посвети своите размислувања на темата за духовниот подвиг. Животот на христијанинот е составен од предизвици и искушенија, но можно е да се надминат искушенијата и да оди кон светоста, потпирајќи се на бескрајното мислордие на Бога Отецот
Во пораката за Светскиот ден на мирот Папата предупредува на ризиците од вештачката интелигенција за мирот
Во својата порака за 57. Светски ден на мирот, папата Фрањо размислува за влијанието на вештачката интелигенција врз светскиот мир и ја повикува меѓународната заедница да усвои обврзувачки меѓународен договор кој ќе го регулира нејзиниот развој и употреба.
Солидарност и молитва на папата Фрањо за земјотресот во Јапонија
Во телеграмата потпишана од кардиналот Паролин, папата Фрањо изразува жалење за жртвите, кои досега ги има околу педесет, од земјотресот што ја погоди јапонската префектура Ишикава, на западниот брег на земјата. Во исто време ги охрабри властите и спасувачите.
Папата ја изрази својата загриженост за апсењето на свештениците во Никарагва
На крајот од пладневното неделно обраќање, прво во 2024 година, папата Фрањо упати апел за Никарагва, земја во Централна Америка, каде што се уапсени 14 свештеници и еден бискуп, и каде што бискупот од Матагалпа монс. Алварез е во затвор од февруари 2022 година, без редовна судска постапка. Папата ја изрази својата близина со Црквата во таа земја и ги охрабри верниците на постојана молитва: „Се надевам дека секогаш ќе се бара патот на дијалогот за да се надминат тешкотиите.