Tag "Папа Фрањо"
Папата: Треба да имаме срце за да ги видиме раните
Папата Фрањо на 25 септември ги прими членовите на друштвото „Свети Петар“, кое во име на Папата се грижат за сиромашните во Рим. Тој ги поттикна храбро да одговорат на потребите на најсиромашните, посебно во ова време на пандемија.
Говор на папата Фрањо на Генералното собрание во ООН: Мораме да ја прекинеме климата на недоверба (Видео)
„Мораме да ја прекинеме сегашната клима на недоверба. Во моментов сме сведоци на ерозија на мултилатерализмот“- рече Папата во однапред снименото видео, обраќајќи се на годишното Генерално собрание на Обединетите нации.
Папата Фрањо го прими во аудиенција полскиот претседател Дуда
Посланието на Црквата во служба на семејството и младите е една од темите на средбата одржана на 25 септември 2020 година во Ватикан помеѓу папата Фрањо и претседателот на Полска Анжеј Дуда.
Генерална аудиенција: Од кризата се излегува подобри слушајќи ги последните
Папата Фрањо на Генералната аудиенција истакна дека денес повеќе се слушаат мултинационалните или големите фармацевски компании отколку општестени движења и здравствените работници. Напротив треба да се почитува автономијата и способноста за иницијати на сите луѓе, посебно семејства, здруженијата, малите претпријатија. Во процесите за оздравување на општеството сите се повикани да ги преземат на себе своите одговорности – тоа е патот кој папата Фрањо го истакна во катехезата на Генералната аудиенција во средата на 23 септември одржана во дворот Свети Дамас
Папата Фрањо: Да продолжиме да се подготвуваме за Меѓународниот евхаристиски конгрес
После молитвата Ангел Господов на 20 септември 2020 година папата Фрањо ги поттикна верниците духовно да се соединат, да продолжат да се подготвуваат за меѓународниот евхаристиски конгрес во Унгарија – кој поради пандемијата со коронавирусот е одложен и го спомна Денот на католичките универзитети при што истакна дека е многу важно новите генерации да се воспитуваат да се грижат за човечкото достоинство и за нашиот заеднички дом.
Ангел Господов: Бог не е затворен во својот свет, туку „излегува“ и ги бара луѓето
Зборувајќи за параболата за работниците кои домаќинот на лозјето ги повикал во текот на денот и на сите им платил исто, Папата објасни дека Бог ја дава најголемата награда и на последните, како и на добриот разбојник на крстот и дека Црквата треба како Бог секогаш да излегува и да го навестува Евангелието – рече папата Фрањо во говорот пред молитвата Ангел Господов во недела 20 септември 2020 година. Говорот на папата Фрањо го пренесуваме во целост.
Папата Фрањо: Медиумите нека бидат сејачи на надеж
Како сејачи на надеж за подобра иднина за време на оваа пандемија, христијанскиот новинари и сите средства за социјална комуникација треба да спречат луѓето да се разболат од осаменост и да се ангажираат како би примиле зборови на утеха, истакна папата Фрањо на 19 септември 2020 година примајќи ги членовите на редакцијата и администрацијата на неделникот „Терцио“, кој слави 20 години.
Папата на Генералното собрание на ООН по повод 75. годишнина
Канцеларијата за печат на Светиот Престол потврди дека папата Фрањо ќе се обрати на учесниците на Генералното собрание на Обединетите нации по повод 75 годишнината на таа организација.
Папата Фрањо благодари на старите свештеници за нивното сведоштво
И покрај пандемијата и оваа година старите и болни свештеници од италијанската покраина Ломбардија живеат посебен ден во богородичното светилиште Санта Мариjа дел Фонте во местото Караваџо. Иницијативата која е во организација на Ломбардиската бискупска конференција се одржува шеста година по ред.
Папата Фрањо го именува монс. Грек за нов генерален секретар на Епископската синода
Канцеларијата за печат при Светиот Престол на 16 септември 2020 година информира дека Светиот Отец го именува бискупот Марија Грек за генерален секретар на Епископската синода.