Tag "Папа Фрањо"
Генерална аудиенција: Црквата не е здружение или партија, туку дело на Светиот Дух
На Генералната аудиенција во среда 25 ноември 2020 година папата Фрањо зборуваше за првата христијанска заедница опишана во Делата на Светите Апостоли, која живее и „опстојува во молитвата“. Нема црковност ако нема проповедање, братско заедништво, милосрдие и Евхаристијата. Бог ја прави Црквата, а не сензациите. Катехезата на Светиот Отец ја пренесуваме во целост.
Папата Фрањо се моли за покојниот Марадона
Поглаварот на Католичката црква, папата Фрањо, реагираше на смртта на неговиот сонародник, легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона, кој почина од срцев удар на 60-годишна возраст во среда 25 ноември 2020 година.
Твитер порака на Папата: Мора да сториме многу повеќе за достоинството на секоја жена
По повод на Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените папата Фрањо упати Твитер порака
Папата: Во ова тешко време Адвентот е голема надеж
Поздравувајќи ги верниците на различни јазици, на крајот од Генералната аудеинција во среда 25 ноември 2020 година, папата Фрањо ги повика да посветат време на молитвата, вдахновени од седмиците кои претходат на Божиќ.
Папата Фрањо се заблагодари на здравствените работници
Светиот Отец на 21 ноември испрати видео порака во која изрази благодарност на аргентинските здравствени работници за нивното несебично служење на болните за време на пандемијата од „Ковид-19“.
Американски кошаркари го информираа Папата за нивната борба против расизмот
Папата Фрањо на 23 ноември во Ватикан прими делегација американски кошаркари, претставници на Националната асоцијација на кошаркари (НБПА).
Папата Фрањо: Имав три „ковид“ ситуации во мојот живот – болест, Германија и Кордоба
Ватикан њуз пренесува делови од книгата „Да се вратиме на нашите соништа“, која папата Фрањо ја напиша со новинарот Остин Ајвери, а во книжарниците ќе пристигне во декември. Дел од книгата што ја пренесе порталот Ватикан њуз на 23 ноември, а делови објави италијанскиот дневен весник „Ла Република“.
Ангел Господов: Исус нѐ учи на логиката на близина
Папата Фрањо во недела 22 ноември 2020 година пред молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар, се присети на евангелскиот дел за Страшниот суд во кој се вели дека ќе бидеме судени „врз основа на љубовта, а не врз основа на чувствата“. Папата исто така истакна дека ќе бидеме судени „врз основа на делата и сочувството со кои покажуваме блискост и грижлива помош“. Говорот го пренесуваме во целост
Папата потсетува на неизлечените рани од земјотресот во Ирпинија
По завршувањето на молитвата Ангел Господов на 22 ноември 2020 година папата Фрањосе присети на земјотресот што го погоди италијанското население во Кампанија и Базиликате пред 40 години и повика на солидарност со семејствата кои во моментов се во финансиски тешкотии, бидејќи немаат работа или останале без работа и имаат деца. Говорот го пренесуваме во целост.
Папата Фрањо: Итно ни е потребен поинаков економски модел, сегашниот е неодржлив
Во саботата, на 21 ноември 2020 година, Светиот Отец го затвори меѓународниот виртуелен состанок со млади претприемачи, нагласувајќи ја потребата од итно преминување во поинаков економски модел за да и се помогне на „злоупотребената“ земја, на сиромашните и маргинализираните .