Tag "Папа Фрањо"
Царице небесна: Духот нè ослободува од стравовите и ги отвора вратите
На празникот Педесетница, 28 мај 2023 година, папата Фрањо ги повика христијаните да ги изгонат стравовите и повторно да го разгорат пламенот на Божјата љубов.
Папата Фрањо во аудиенција ја прими претседателката на Република Словенија
Папата Фрањо во Ватикан ја прими претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар, каде што разговараа за позитивните билатерални односи, војната во Украина и нејзините глобални последици, како и политичката ситуација на Западен Балкан.
Папата Фрањо: Евангелието е одговорот на денешната збунтетост меѓу младите
Примајќи ги во аудиенција членовите на Семејството друштво на Божјиот повик, Папата им зборуваше за потребното внимание кон младите кои често живеат од ден на ден и ги охрабри да се посветат на евангелизацијата за да им помогнат на луѓето во нивното духовно расудување.
Во август,Папата ќе отпатува во Лисабон и Фатима за Светскиот ден на млади
Прифаќајќи ја поканата на граѓанските и црковните власти на Португалија, папата Фрањо ќе отпатува во Лисабон и Фатима во август за да учествува на Светскиот ден на млади.
Папата: Христос се вознесе на небото ја носи нашата човечност пред Бога и се застапува за нас
Во неделата, кога се слави Вознесението Господово во Италија и во многу други земји, папата Фрањо во своето пладневно обраќање пред молитвата Царице небесна одговори на две прашања: Зошто да се слави заминувањето на Исус од земјата? Што прави сега на небото? Во себе го понесе носеше нашето и го донесе пред Отецот и му ги покажува раните на луѓето
Во мислите на Папата, Судан и Украина: Да не се навикнуваме на војна
По молитвата Царице небесна, во недела на 21 мај 2023 година, папата Фрањо упати апел поради сериозната ситуација во Судан: Прекинете ја војната. Тој уште еднаш ја изрази својата близина со маченичкиот украински народ
Папата му ја довери на кардиналот Зупи мировната мисија за Украина
Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол потврди на новинарско прашање дека папата Фрањо му ја доверил на кардиналот Матео Зупи, претседателот на Италијанската бискупска конференција, мисијата со цел да ги поттикне патиштата за мирот во Украина.
Папата упати благодарност до новинарите: Бидете во служба на вистината и општото добро
По молитвата Царице небесна, на 21 мај 2023, папата Фрањо ги повика присутните верници на плоштадот Свети Петар да аплаудираат за новинарите, по повод Светскиот ден на социјалните комуникации, кој денеска се одбележува во многу земји.
(ВИДЕО) Линда Гисони: Црковните движења, сведоци за најдалечните
За важноста на црковните движења и групи во евангелизацијата, која Папата ја истакна во молитвената накана за мај, уште еднаш се осврна и потсекретарката на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, Линда Гисони. Таа зборуваше и за Светскиот ден на млади во Лисабон: 540.000 млади луѓе, од 196 земји, покажаа интерес за учество, а 16.300 се ставија на располагање како волонтери.
Папата моли за жртвите од поплавите во Емилија Ромања
Во телеграмата потпишана од заменикот за општи работи на Државниот секретаријат, надбискупот Едгар Пења Пара, упатена до претседателот на италијанската бискупска конференција кардиналот Зупи, папата Фрањо ги спомена оние кои ги загубија животите во природните катастрофи што го погодија деновиве италијанскиот регион Емилија Ромања и моли за Божја утеха за ранетите и близина на оние кои пружаат помош.