Tag "Папа Фрањо"
Папата Фрањо: Фармацевти, вашата служба за ранливите е Божјo милување
Вработените во Ватиканската аптека, која ја слави својата 150-годишнина, беа охрабрени од папата Фрањо да имаат „дополнително милосрдие“ кон оние што страдаат: вашето послание е близина, ви благодарам за вашата подготвеност да се жртвувате, посебно за време на пандемијата, како „делители на милосрдие“. На сите вработени во тој сектор им порача: Со слушање давате храброст и надеж
Папата: Против мафијашкиот менталитет се потребни закони
Папата Фрањо во сабота 16 септември 2023 година на плоштадот Свети Петар се сретна со офицерите и војниците на карабинерите и, поаѓајќи од примерот на Салво Д’Аквист, кој е многу актуелен и денес, ги охрабри да го направат општеството поправедно и похумано.
Папата: Сонувам за мир за Корејскиот Полуостров
Папата Фрањо во сабота, 16 септември 2023 година, прими во аудиенција група верници од Јужна Кореја кои пристигнаа во Рим за да ја постават статуата на маченикот Свети Андреј Ким Таегон во една од нишите на базиликата Свети Петар. Тој го истакна неговиот карактер како пример што треба да го следи Црквата и на него ги довери младите во поглед на Светскиот ден на млади што ќе се слави во Сеул: „Често се заведени од лажните митови за ефикасност и
Папата: Одам во Марсеј за да ги промовирам патиштата на мирот и интеграцијата
Во својот пладневен говор, по молитвата Ангел Господов во недела 17 септември 2023 година, папата Фрањо ја спомена претстојната посета на францускиот град Марсеј по повод завршувањето на Медитеранските средби, иницијатива која во центар на внимание го става феноменот на миграцијата, тој тежок предизвик. Потоа се молеше за Украина и за сите земји закрвавени од војна. Пред околу 20.000 верници собрани на плоштадот Свети Петар, папата Фрањо, откако ја молеше молитвата Ангел Господов, зборуваше за претстојното патување во Марсеј на
Ангел Господов: Простувањето го карактеризира христијанинот
Папата Фрањо во своето пладневно обраќање во недела, 17 септември 2023 година, се осврна на евангелскиот дел од неделната Литургија во кој Исус преку парабола говори за бескрајната Божјо милосрдие. Дали чувствуваме дека Господ ни прости и дали сме сведоци на неговата љубов простувајќи му на оној што нè повредил? Простувајќи, го сееме тој, инаку невозможен „нов живот“ околу нас.
Папата Фрањо: Да ја смениме насоката од поделба кон единство
Откако ги поздрави учесниците на XXVI. Павловски екуменски колоквиум, Папата истакна дека оваа иницијатива, која обединува научници од различни христијански вери и култури, овозможува да се надминат пречките на недоверба преку средбите со другите, поддржувајќи го дијалогот помеѓу различни појдовни точки кои бараат заедничка основа почнувајќи од Светото Писмо: Нека придонесе за поголем дух на братство меѓу верните.
Папата ги прими белгискиот крал Филип и кралицата Матилда
По средбата со папата Фрањо, кралот и кралицата разговараа со надбискупот Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации. Меѓу темите на разговор беа и некои меѓународни прашања како што се ситуацијата во Африка, војната во Украина и ангажирањето за мир меѓу народите.
Папата Фрањо: Да бидеме блиску до луѓето во Мароко во овој трагичен момент
По молитвата Ангел Господов, Папата упати апел до населението на Мароко, кој ноќта кон петокот на 8 септември 2023 година беше погоден од разорен земјотрес. Според последните податоци, повеќе од две илјади луѓе загинале, а исто толку се повредени, од кои многу тешко. Папата се помоли за жртвите и нивните семејства и им се заблагодари на спасувачите, надевајќи се дека сечија конкретна помош може да му помогне на населението. Во неделта е почувствуван уште еден земјотрес со јачина од 4,5
Семејството Улма нека биде пример во стремежот кон доброто и за служење на сиромашните
Во своето пладневно обраќање, папата Фрањо го спомена мачеништвото на полското семејство кое беше прогласено за блажено затоа што им обезбеди засолниште на неколку Евреи кои беа прогонувани од нацистите. Осврнувајќи се на актуелните конфликти во светот, особено во „напатената Украина“, тој повика на силата на оружјето да и се спротивстави силата на милосрдието, на реториката на насилството со упорност во молитвата. Посака и братско помирување и мир на етиопскиот народ, честитајќи им ја традиционалната Нова година.
Ангел Господов: Озборувањето е чума, не ни помага да станеме подобри
Во неделното попладневно обраќање, папата Фрањо зборуваше за важноста на братското поправање и како да се практикува, вдаховувајќи се од Исусовиот стил. Според Папата, ова е еден од највисоките изрази на љубов, но и најсложените. Ако грешката продолжи, свртете се кон наклонетост на заедницата, користете кроткост и добрина, не ставајќи го на столбот на срамот.