Папата Фрањо: Да бидеме блиску до луѓето во Мароко во овој трагичен момент

Папата Фрањо: Да бидеме блиску до луѓето во Мароко во овој трагичен момент

По молитвата Ангел Господов, Папата упати апел до населението на Мароко, кој ноќта кон петокот на 8 септември 2023 година беше погоден од разорен земјотрес. Според последните податоци, повеќе од две илјади луѓе загинале, а исто толку се повредени, од кои многу тешко. Папата се помоли за жртвите и нивните семејства и им се заблагодари на спасувачите, надевајќи се дека сечија конкретна помош може да му помогне на населението. Во неделта е почувствуван уште еден земјотрес со јачина од 4,5 степени, додека спасувачите се уште копаат низ урнатините.

По молитвата Ангел Господов во недела 10 септември 2023 година, папата Фрањо ја изрази својата близина со драгиот народ на Мароко, погоден од разорниот земјотрес и се помоли „за повредените, за оние кои ги загубија животите – кои ги има многу – како и за нивните семејства”. Потоа им се заблагодари на спасувачите и на оние кои се залагаат да им ги олеснат маките на луѓето. На крајот изрази надеж дека конкретната помош од сите ќе му помогне на населението во овој трагичен момент. Да бидеме блиску до луѓето од Мароко –охрабри папата Фрањо.

Последни податоци: повеќе од две илјади загинати и исто толку повредени

Последните податоци за земјотресот што го погоди Мароко ноќта меѓу 8 и 9 септември говорат за повеќе од две илјади загинати, а исто толку повредени, од кои 1.400 лица се во тешка состојба. Утрово нови потреси, најверојатно последователни, се почувствувани во таа северноафриканска земја, во Маракеш и околните градови. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (Emsc), во 9.00 часот по локално време, или во 8 часот по европско време, е регистриран земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, на 88 километри од Маракеш, на длабочина од 77 километри.

Трка со времето

Критична е состојбата во руралните средини од епицентарот на земјотресот, каде се урнати многу куќи, изградени со кал, а пристапните патишта до селата сѐ уште се непристапни. Според Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA), повеќе од 300.000 луѓе во Маракеш и околината им е потребна помош. Канцеларијата будно ја следи ситуацијата и е подготвена да даде поддршка. Обединетите нации претходно изјавија дека се подготвени да и помогнат на мароканската влада во напорите за помош на настраданото население.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот