Tag "Папа Фрањо"
Папата: Исусовата Голгота продолжува и денес во рамнодушноста на општеството
Младите учесници на 34 Светски ден на млади се молеа меѓу останатото за екуменизам, за мигрантите и бегалците, за мир и помирување, за екологија.
Папата: Како Марија кажете Му „да“ на Бог
Исус повикува да се прифати животот во неговата кревкост и слабост, но и во убавината.
Папата до младите: Бидете носители на љубовта и градители на мостови
Со средбата на папата Фрањо со 250.000 млади во Панама на 24 јануари започна централната прослава на 34. Светски ден на млади. Светиот Отец меѓу останатото ги поттикна да бидат учители и творци на културата на средба.
Папата: Да не дозволиме младите да станат „социјални пустиници“
Во пораката за Светскиот ден на социјални комуникации папата Фрањо поттикнува на исправна употреба на мрежите и предупредува на опасноста на која се изложени најслабите лица и новите генерации. Поради тоа во Ватикан ќе се формира Меѓународна канцеларија за надзор на сајбер булинг
Панама: Папата остро ја осуди корупијата и се зазема за домородното население
На почетокот на посетата на папата Фрањо на Панама“, во четврток 24 јануари, приредена е свеченост за пречек во Претседателската палата каде Светиот Отец го пречекаа претседателот Хуан Карлос Варела и неговата сопруга Лорена Кастило.
Поклоничкиот крст и иконата на Пресвета Богородица – симболи на Светскиот ден на млади
Покрај поклоничкиот крст на Светскиот ден на младите, со тој настан од 2003 година се поврзува и иконата на Блажена Дева Марија Salus Populi Romani, изможена во базиликата Света Марија Велика која посебно му е мила на папата Фрањо.
Папата пристигна во Панама
На 23 јануари претпладне папата Фрањо отпатува за Панама, каде ќе учествува на 34. Светски ден на млади. Тоа е втора посета на еден папа на Панама, после свети Иван Павле II кој ја посети оваа земја во 1983 година.
Папата ја посети базиликата Света Марија Велика во пресрет на патувањето во Панама
Папата Фрањо традиционално пред Апостолското патување во Панама утрото на 22 јануари се упати во базиликата Света Марија Велика и се помоли пред иконата Спасителка на римскиот народ.
Папата Фрањо отвори нова молитвена апликација „Click to pray“ и го активира својот профил
Во неделата на 20 јануари 2019 година, папата Фрањо отвори нова апликација со наслов „Click to pray“ (Кликни за да молиш“) и во таа прилика ги охрабри католиците за да се приклучат на заедничката молитва Бројаница за мир во пресрет на Светскиот ден на млади во Панама.
Папата: Блаженствата се пример за вистински христијански живот
Можеме да веруваме дека сме добри католици, но не и да се однесуваме како добри христијани. Вистинскиот христијански стил на живот е оној кој упатува на Блаженствата. Тоа го рече папата Фрањо во проповедта на светата Миса во Домот Света Марта на 21 јануари 2019 година, коментирајќи го изразот од Евангелието според Матеј: „Ново вино во нови мевови“. Евангелието, Словото Господово, ‘новото вино’, кое ни е дарувано, но за да бидеме добри христијани потребно е ново однесување, нов стил и