Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата: Трговијата со луѓе е злосторство против човештвото

На 11 април 2019 година, папата Фрањо ги прими во аудиенција учесниците на Меѓународната конференција за трговија со луѓе која ја организира Одделот за мигранти и бегалци при Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој.

Ватикан Вести

Папата го прими Бан Ки Мун

Папата Фрањо на 11 април 2019 година во приватна аудиенција го прими Бан Ки Мун, како претседател на Етичката комисија на меѓународниот олимписки комитет, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Ватикан Вести

Апел на Папата за мир во Јужен Судан

На крајот од средбата со јужносуданските лидери во Домот Света Марта во Ватикан во четврток 11 април 2019 година, папата Фрањо упати силен апел за мир во таа земја и неочекувано ги бакна стапалата на претседателот Салва Кир и поранешниот водач на бунтовниците и потпретседател Риек Мачар, како и уште неколку учесници на таа духовна и дипломатска средба.

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Горделивоста е најопасното однесување

Оче смилувај се на сите нас затоа што и најсветиот меѓу нас не престанува да биде твој должник – рече папата Фрањо за време на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар, продолжувајќи со серијата катехези за молитвата Оче наш и се осврнувајќи посебно на делот: Прости ни ги долговите наши.

Вести Македонија

Волонтери за Папата

Во рамките на подготовките за посетата на папата Фрањо на Македонија, на 9 април 2019 година во организација на Македонски Каритас, во салата Света Мајка Тереза во парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица, се одржа информативна средба за волонтери.

Ватикан Вести

Литургија во Света Марта: Незадоволството е презир на надежта

За време на светата Литургија во капелата на домот Света Марта, која Светиот Отец ја служеше во вторник 9 април 2019 година, зборуваше за пораката од старозаветната книга Броеви (21,4-9) и предупреди да не се предаваме на „духот на уморот“, кој ја одзема надежта.

Ватикан Вести

Црквата доби еден нов блажен и седум слуги Божји

Конгрегацијата за прогласување на светци објави нови декрети – за свештеникот од Бразил Донисети Таварес и за седум чесни слуги и слугинки Божји меѓу кои двајца лаици: едно момче од Бразил и една Италијанка.

Вести Македонија

Радово: Свети Оче те чекаме во Македонија

Во недела 7 април 2019 година по завршувањето на светата Литургија, на само еден месец пред доаѓањето на Светиот Отец, папата Фрањо во Македонија, верници од парохијата „Свети пророк Илија“ – Радово со порака до Папата. Погледнете ја. к.мк

Ватикан Вести

Молитвена накана на Папата за месец април

Во видео пораката за молитвената накана за месец април која ја објави Папската молитвена мрежа, Светиот Отец повикува на молитва за хуманитарните работници кои даваат помош на настраданите во вооружените конфликти, ставајќи го во опасност сопствениот живот за да ги спасат животите на другите.

Ватикан Вести

Во Ватикан започна ХХІХ средба на Кардиналскиот совет

Од 8 до 10 април во Ватикан се одржува ХХІХ средба на Кардиналскиот совет и папата Фрањо. Во центар на работните сесии ќе биде новата Апостолска конституција за Римската курија.