Tag "Папа Фрањо"
Папата: Љубовта го отвора патот кон мирот
Во фокусот на размислувањето во пладневното обраќање на папата Фрањо, пред молитвата Ангел Господов на првиот ден од годината, беше Марија, која ја славиме со титулата Богородица. Тој особено се осврна на тишината со која Марија го прими Исус, потсетувајќи на молкот на многу мајки. „Да ја гледаме во неа за да ја научиме таа љубов која знае да направи место за другиот, почитувајќи го неговото достоинство“; љубов која никогаш не го задушува другиот, туку му помага да расте.
Проповед на Папата на Првата вечерна на празникот Света Богородица
Ви ја пренесуваме во целост хомилијата на папата Фрањо на Првата вечерна на празникот Света Богородица Марија, одржана во базликата Свети Петар, во недела 31 декември 2023 година
Ангел Господов: Светото семејство ни зборува дека е со нас во тешкотиите
На првата недела по Божиќ, Црквата го прославува празникот на Светото Назаретско Семејство. Во пладневната молитва Ангел Господов во недела 31 декември 2023 година, папата Фрањо зборуваше за Јосиф и Марија кои се восхитуваа на она што беше кажано за Исус: „Способноста да се восхитува е тајната за подобро семејството“, восхит пред доброто што постои во нашите животи и во оние кои не опкружуваат како што се сопружниците, децата, бабите и дедовците. Говорот на Папата го пренесуваме во целост.
Зеленски се заблагодари на Папата за поддршката во мировните напори за Украина
Украинскиот претседател, известувајќи за нов телефонски разговор со папата Фрањо, изрази благодарност до Папата за неговите Божиќни честитки до Украина и за неговата поддршка за таканаречената Формула за мир во која се вклучени повеќе од 80 држави.
(Видео) Папата Фрањо во 2023 година накратко: молитва, патувања, сведоштво
Од последното збогување на почесниот папа Бенедикт XVI до постојаниот повик за мир во светот: завршува една интензивна година во која папата Фрањо непрекинато навестуваше во светот за радоста на Евангелието. Во ова видео се потсетуваме на главните настани што го одбележаа неговиот понтификат во 2023 година.
Папата до младите од Тезе: „Охрабрете се да градете поинаков свет“
Во пораката упатена по повод 46. Европска средба на Тезе, папата Фрањо ги поттикна младите да прифатат слушање и да искажат добредојде на оние што се на маргините на општеството.
Папа: Да молиме да престанат војните
На крајот од Генералната аудиенција во среда 27 декември 2023 година, папата Фрањо ги поздрави младите, болните, младенците и старите лица.
Генерална аудиенција: Со ѓаволот не се разговара
Да се биде господар на доброто и злото е искушение, тоа е најопасната замка за човечкото срце. Папата Фрањо го истакна ова на Генералната аудиенција на која беше најавена нова серија катехези посветени на темата на маните и крепостите: убиството на Авел не започна со фрлениот камен, туку со незадоволството што Каин за жал го имаше и поради кое стана чудовиште во самиот себе. Ви ја пренесуваме во целост првата катехеза на папата Фрањо на оваа тема одржана на редовната
Сирија, Газа, Украина, пустина на мртви
Обраќајќи им се на верниците по молитвата Ангел Господов, папата Фрањо го спомена свети Стефан, првиот христијански маченик и на негово застапништво ги довери од војна измачените народи. Потоа ја изрази својата близина со христијанските заедници кои страдаат поради дискриминација и ги охрабри сите верници да дозволат да бидат допрени од восхитот на Исусовото раѓање кој станува обожување.
Ангел Господов: Преку жртвата на мачениците Бог ги менува срцата на луѓето
Во пладневното обраќање пред молитвата Ангел Господов, во втроник 26 декември 2023 година, Папата зборуваше за сведочењето на свети Стефан и истакна дека и денес има прогонства, има луѓе кои страдаат и умираат за да бидат сведоци на Исус или се казнети затоа што се доследни на Евангелието. Но, семето на нивната жртва дава плод; крвта на мачениците е семе на христијаните, истакна Папата и поттикна да молиме за оние кои се убиени поради нивната вера во Христа