Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата: Исусовото молчење го победува триумфализмот

Драги млади не плашете се да го следите Исус на крстниот пат

Ватикан Вести

Папата ги повика младите да молат Бројаница за мир

На Цветници, 14 април 2019 година, на бискупско ниво се одржува Светскиот ден на млади. Папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов се обрати до младите и ги поттикна да го читаат неодамна објавениот Апостолски поттик „Christus vivit” и да молат Света Бројаница за мир.

Ватикан Вести

Папата посети центар за нега на лица болни од Алцхајмерова болест

На 12 април 2019 година во попладневните часови папата Фрањо го посети центарот Вилаџио Емануеле во Рим, во кој се сместени лица болни од Алцхајмерова болест. Штитениците на центарот беа изненадени од посетата.

Ватикан Вести

Папата ќе посети италијански регион разрушен од земјотрес

Најавената посета на жртвите од земјотресот во надбискупијата Камерино – Сансеверино во италијанскиот регион Марче, за локалните верници е знак на надеж, во поглед на спорото напредување при обновата

Ватикан Вести

Папата: Трговијата со луѓе е злосторство против човештвото

На 11 април 2019 година, папата Фрањо ги прими во аудиенција учесниците на Меѓународната конференција за трговија со луѓе која ја организира Одделот за мигранти и бегалци при Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој.

Ватикан Вести

Папата го прими Бан Ки Мун

Папата Фрањо на 11 април 2019 година во приватна аудиенција го прими Бан Ки Мун, како претседател на Етичката комисија на меѓународниот олимписки комитет, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Ватикан Вести

Апел на Папата за мир во Јужен Судан

На крајот од средбата со јужносуданските лидери во Домот Света Марта во Ватикан во четврток 11 април 2019 година, папата Фрањо упати силен апел за мир во таа земја и неочекувано ги бакна стапалата на претседателот Салва Кир и поранешниот водач на бунтовниците и потпретседател Риек Мачар, како и уште неколку учесници на таа духовна и дипломатска средба.

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Горделивоста е најопасното однесување

Оче смилувај се на сите нас затоа што и најсветиот меѓу нас не престанува да биде твој должник – рече папата Фрањо за време на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар, продолжувајќи со серијата катехези за молитвата Оче наш и се осврнувајќи посебно на делот: Прости ни ги долговите наши.

Вести Македонија

Волонтери за Папата

Во рамките на подготовките за посетата на папата Фрањо на Македонија, на 9 април 2019 година во организација на Македонски Каритас, во салата Света Мајка Тереза во парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица, се одржа информативна средба за волонтери.

Ватикан Вести

Литургија во Света Марта: Незадоволството е презир на надежта

За време на светата Литургија во капелата на домот Света Марта, која Светиот Отец ја служеше во вторник 9 април 2019 година, зборуваше за пораката од старозаветната книга Броеви (21,4-9) и предупреди да не се предаваме на „духот на уморот“, кој ја одзема надежта.