Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан

Папата до свештениците од Рим: Се наоѓаме во мисионерска земја

Папата Фрањо во базиликата Свети Иван Латерански се сретна со повеќе од 800 свештеници од Римската бискупија и го повика свештенството да сведочи за Христа веродостојно и нивните проповеди да бидат кратки и директни.

Ватикан Вести

Папата Фрањо во пораката за XXXII Светски ден на болните: Војната е најлошата општествена болест

„Не е добро човекот да е сам“, е насловот на пораката на папата Фрањо за XXXII Светски ден на болните, кој се слави на 11 февруари. Папата предупредува дека културата на расипување премногу често преовладува дури и во земјите кои се во мир, каде што политичките одлуки не успеваат да го стават во центар достоинството на човечката личност и нејзините потреби. Дополнително, лекувањето не смее да се сведе „само на здравствени услуги“, туку мора да биде придружено со „терапевтски сојуз“

Ватикан Вести

Папата: Спортот може да изгради мостови на мир во светот

На средбата во сабота, 13 јануари 2024 година, со членовите на спортското друштво Атлетика Ватикана и нивните семејства, папата Фрањо изрази надеж дека духот на спортот ќе придонесе за мирот, особено во оваа олимписка и параолимписка година, во свет во кој војни се наѕираат на сите хоризонти.

Ватикан Вести

Папата: Христијаните заедно, без предрасуди, градат мостови на пријателство

Папата Фрањо на 12 јануари 2024 година ги прими студентите и членовите на Католичкиот комитет за културна соработка со Православната и Источно православните цркви, по повод 60-годишнината од основањето

Ватикан Вести

Папата: На Црквата и се потребни луѓе кои ја пренесуваат светоста како зараза

Во говорот упатен до здружението „Носачи на Света Роза“, кои ги прими во аудиенција во четврток 11 јануари 2024 година, Папата потсети на примерот на таа млада жена од Витербо која живеела во 13 век, која го ширела Евангелието избирајќи апсолутно сиромаштво и милосрдие: важно е да се сведочат овие вредности со вера, сила и понизност

Ватикан Вести Македонија

Папата: Бидете мајки во свет кој е глув за оние кои страдаат

Папата Фрањо во четврток 11 јануари 2024 година ја прими делегацијата на маријанската молитвена мрежа „Стражари на светото семејство“, формирана пред десет години во Белгија, а сега распространета низ целиот свет, посветена на секојдневната молитва на Пресвета Богородица за Црквата и за светот

Ватикан Вести

Папата: Свештениците треба да им служат на сиромашните

Папата Фрањо на 11 јануари 2024 година ги прими во аудиенција членовите на световниот институт Мисионерски свештеници на Царството Христово, основан пред 70 години од отец Агостино Гемели. По тој повод, на Светиот Отец му беше врачен нацрт на едукативниот центар што се гради во Бурунди; ќе биде посветен на монсињор Мајкл Кортни, Апостолскиот нунциј кој направи многу за национално помирување и кој беше убиен во атентат во 2003 година.

Ватикан Вести

Папата Фрањо ги прими претставниците на проектот Дијалоп

На 10 јануари 2024 година, папата Фрањо во приватна аудиенција ги прими претставниците на проектот Дијалоп, кој долги години го промовира општото добро преку дијалог меѓу социјалистичките марксисти и христијаните.

Ватикан Вести

Генералната аудиенција: Ненаситноста го искривува Божјиот дар за „лебот наш насушен“

Продолжувајќи со серијата катехези за маните и крепостите, папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда на 10 јануари 2024 година, посебно се осврна на еден вид „лакомство“, она кон добрите работи на планетата; тоа е зло што „ја компромитира иднината на сите.“

Ватикан Вести

Литургиски славења кои ќе ги предводи папата Фрањо во јануари и февруари

Распоредот на Папата за јануари и февруари е објавен, а следната света Литургија што Светиот Отец ќе ја отслужи со народот ќе биде на 21 јануари, Неделата на Словото Божјо.