Tag "Папа Фрањо"
Меѓународен ден за сеќавање на жртвите на холокаустот
Вчера се обележуваше 75 годишен јубилеј од ослободувањето од логорот Аушвиц – Биркенау. Европските бискупи објавија изјава во која одлучно го одбиваат антисемитизмот и политичката манипулација со вистината
Ангел Господов: Имајте доверба во Христовото слово, кое го менува светот и срцата
Повикани сме да имаме доверба во Христовото слово, да се отвориме за милоста на Отецот и да дозволиме да нè преобрази милоста на Светиот Дух – рече папата Фрањо. После пладневната молитва Ангел Господов Папата потсети на 75 годишнината од ослободувањето на логорот на смртта Аушвиц – Биркенау, како и на Светскиот ден на болните од лепрата. Посебна близина искажа на болните од вирусот кој се прошири во Кина и на крајот ги поздрави младите од Католичка акција.
Отец Гонзало Аемилиус нов личен секретар на Папата
Папа Фрањо за свој личен секретар го именува уругвајскиот свештеник, доктор по теологија, Гонзало Аемилиус кој ќе го наследи аргентинскиот свештеник, отец Фабијано Педачи кој беше личен секретар на Папата од 2013 до 2019 година и во декември минатата година се врати на служба во Конгрегацијата за бискупи.
Папата: Гостољубивоста припаѓа на христијанската тардиција, да се отвориме за доброто на сите
Не смееме да дозволиме да нè привлече логиката на светот, туку треба да ги слушаме малите и сиромашните, затоа што Бог преку нив сака да ни ги испрати своите пораки и сака сите луѓе да се спасат – се мисли од проповедта која папата Фрањо ја одржа на Вечерната молтва на празниот Преобраќање на свети Павле, со која заврши Молитвената осмина за единство на христијаните.
Света Марта: Црвот на љубомора нè наведува да донесуваме лош суд за другите
Зборувајќи на светата Литургија за литургиските читање, папата се осврна на љубомората на царот Саул кон Давид, при што ги предупреди верниците на ‘црвот на љубомората’ поради кој лошо ги судиме другите, и се впуштаме во натпреварување со нив.
Објавена пораката на Папата за Светскиот ден на средствата за социјална комуникација 2020
На празникот свети Фрањо Салешки, во петокот на 24 јануари е објавена пораката на папата Фрањо за 54. Светски ден на средствата за социјална комуникација.
Блиски Исток: Светиот Престол ја гарантира својата поддршка на преговорите
Светиот Престол ја гарантира на меѓународната заедница својата поддршка во иницијативите насочени за напредокот на решенијата постигнати со преговори и во нејзиното завземање за мир.
Недела на Божјото Слово: Да ја читаме Библијата за да ја оживееме верата
Надбискупот Рино Физикела претседател на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација, ја претстави иницијативата по повод Неделата на Словото Божјо, која ќе се слави на 26 јануари. По светата Литургија во базиликата Свети Петар, папата Фрањо ќе ја даде Библијата во рацете на претставниците од голем број општествени подрачја.
Папата: Да бидеме гостољубиви кон мигрантите
Потсетувајќи на Молитвената осмина за единство на христијаните, папата Фрањо во катехезата за време на Генералната аудиенција во салата Павле VI, се фокусираше на бродоломот на свети Павле близу Малта, истакнувајќи дека прифаќањето е важна екуменска крепост која може да даде многу духовни дарови
Папа Фрањо: Да се биде христијанин е Божји дар, кој не се купува
Не е христијански да бараме влијание за да би напредувале во црковната кариера – рече папа Фрањо вчера на Литургијата во Домот на света Марта, потсетувајќи на бесплатниот Божји избор и на повикот кој треба да го чуваме со својата вера.